Тоа што паѓа во одредено време е форсиран ресет за да ти ја променат ИП адресата, оти нели немаме статичка адреса и за тоа треба да се доплати

PortForwarding е метод на пренасочување на трафикот од јавната (надворешна) ИП адреса 62.162.ххх.ххх кон одредена внатрешна зад НАТ рутер.
Едноставно овозможува уред од надвор да пристапи на уред или сервис во локалната ЛАН мрежа.
Ако дома имаш 5 компјутери и 3 мобилни телефони тоа се 8 уреди. Ако пристапиш на твојата надворешна ИП адреса што ја добиваш од Телеком од тип 77.29.xxx.xxx на порт 21(фтп) или 80(хттп) пакетот нема да знае на кој од 8-те уреди да стигне со локални адреси од адресно пространство 192.168.ххх.ххх .
PortForwarding преку НАТ го пренасочува пакетот на одредената дестинација.
Без тоа не можеш да пристапиш од надвор на WEB, FTP или било каков сервис од твојата локална мрежа.