Вчера првин со овој мод DVB-C пребарав, најде само 42 аналогни канали.
Потоа пребарав со DVB-T како што ми кажа погоре, и веке ти пишав дека првите 18 канали имаат одреден назив, но ги води како заштитени канали, и од нив само македонска 1,2 и собраниски ги отвораше. А од 18 канал нагоре беа стандардните аналогни канали.
Еве денес исто пребарав со DVB-C, исто најде само 42 канали.
Јас дигитална пратам преку ресивер, далечинското од телевизорот ми служи само за уклучување и гасење на истиот, а програмите си ги менувам со далечинското од ресиверот. И на ресиверот вчера му направив фабричко ресетирање, и јок нема ништо, она што го гледав до сега, тоа пак го има.
Сеа предмалку најдов проспектче од близу, и во него пишува дека треба да имаш CA module за да гледаш дигитални канали без ресивер, а тој CA module го даваат бесплатно само со пакетите од 1.399 и 1.599, а во пакетите од 999 и 1.099 кој го имам јас, нема за нив CA module.
А може и треба да отидам да прашам, пошто гледам за да доплатам за 13 HD канали е 199 денари, па може тогаш ке ми дадат CA module.
Но како и да е, мене доста ми е што ги имам спортклуб, да си гледам на раат премиер лига, останатите канали ретко, пошто преку недела телевизорот е зафатен со судбината на фатмаѓул, величествениот, бурни времиња и веке незнам какви се турски серии што го трогнале балканот
