Автор Тема: N75 вентил и "wastegate" актуатор  (Прочитано 2588 пати)

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 405
N75 вентил и "wastegate" актуатор
« на: 22 Јуни 2018, 01:06:00 am »
Здраво дечки. Си имам една тазе мака со колата во потпис (читај 1.9TDI 81kw AHF). После опсежно гуглање и носење на колата кај 2 мајстора кои ми побараа 150 и 250 евра за оправање, установив (со голема доза на несигурност) дека ми се рикнати N75 вентилот и "wastegate" актуаторот, односно:

https://imgur.com/a/CnXNTue

Причината за високата цена на сервис претпоставувам е поради самата цена на деловите, кои во Мега-ауто чинеа по 5500 денари. Интересно е тоа што на еБај и Аљи чинат по 1500-2000 денари сосе поштарина, а на еБај има и половни за упола цена.

Прлично сум сигурен дека ја купив колата со рокнат wastegate актуатор, бидејќи одсекогаш ми влагала во limp mode во трета брзина над 3500rpm. Но од пред 2 недели немам воопшто турбо буст и енормна потрошувачка на гориво од 13 литра, а не ми свети ниту една сијаличка на таблата.

Ми треба помош со дијагностика бидејќи немам ниту алат, ниту идеја како да направам правилна дијагностика. За актуаторот не се ни замарам бидејќи знам дека е рикнат, а за оправање треба да се извади турбината за да се монтира нов, што е над моите можности. Целта ми е да си го вратам бустот и потрошувачката, па ќе внимавам да не ја терам колата над 3500 вртежи од трета па нагоре. Едино сум загрижен од толку што ја чачкаа мајстори, да не ја промениле состојбата на актуаторот од заглавен на отворено во заглавен на затворено.

Е сега за N75 вентилот. Го проверив осигурачот број 34 10А и не беше рокнат. Струјните и сигнал кабли што водат до вентилот незнам како да ги проверам, тука би ве замолил за идеја. Исто така го извадив цревото од горниот бел приклучок и ставив прст на него, идејата ми беше дека кога другар ми ќе даде гас во лер, дека треба да има струење на воздух од таму, а ако не дава гас, воздухот треба да оди низ долниот бел приклучок. За жал не успеав да го извадам цревото од долниот бел приклучок оти беше убаво слепено. После таа аматерска дијагностика, установивме дека нема струење на воздух низ горниот бел приклучок во ниедна ситуација, но дали е тоа навистина индикатор за рикнат N75 вентил?

Имате идеја за како најдобро да установам дека е рикнат, да не нарачувам нов од интернет за џабе? Барем овој дел можам сам да си го сменам, два штрафа се и три цревца, wastegate актуаторот кој го шиша, ќе го опраам во некое боље време.

Фаал дечки.

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10405
Одг: N75 вентил и "wastegate" актуатор
« Одговори #1 на: 22 Јуни 2018, 01:53:57 am »
провери прво елисите од турбото али се движат лабаво. Тоа само да го откачиш актуаторот треба, еден осигурач е. Ако се движи 1-2мм, турбото ти е за чистење. Такви релеа побарај по отпадиве ефтини се, или кај ебај. Исто и вакум пупмата ( ватгејт акттурато) ти е некоои 700 ден, али користе.  Е сега ко ќе го тргнишусисот види перките дали вртат слобоодно.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4970
Одг: N75 вентил и "wastegate" актуатор
« Одговори #2 на: 22 Јуни 2018, 07:56:29 am »
Провери и вакум цревата да не имаш некое пукнато или вакум пумпата дали воопшто функционира знае и она да откаже.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8645
  • Пичлеме
Одг: N75 вентил и "wastegate" актуатор
« Одговори #3 на: 22 Јуни 2018, 13:34:35 pm »
Ме потсете на проблемот кој јас го имав пред 6 години, кога ја купив колата.

Еве што сум направил јас тогаш:

Инаку и јас имав проблем со мојот Пасат 1.9 ТДИ (110 КС). На четврта брзина ми исклучуваше турбината (на 110 КМ/ч на прав пат и на 80-90 КМ/ч на угорница). Беа тоа нерви ипол. Де турбина е, де вентил е (N75)...
Најдов вентил (N75) изваден од Ауди, сосема исправен. Ме затекна иста ситуација. На 110 КМ/ч исклучваше турбината и добивав впечаток дека возам шпилитер (запрежна кола со една коњска сила, а не 110 :)). Го разработував вентилот со жици, на акумулатор. Го монтирав. За чудо функционираше. Немав проблем повеќе (куртулив стотина евра).

До кога? До првата угорница.На Ѓавото ми исклуче турбината. Канта.
Веќе размислував за промена на вентил. Но шуш буш муабети од ваму, од таму ме натераа да ги проверам вакум цревата.

Проблемот беше најден и отсранет за минута. Се работеше за едно пластично цевче (не од гумените) кое беше се стружело од шасијата и имаше дупка мала. Од таму тишеше. Со наставување на гумено цревце од 3 сантиметри проблемо беше решен и од тогаш среќно си живеам.
Значи некогаш проблемот бил ичпари, а нервите којзнае колку беа лоши за здравјето :)

Се надевам дека оваа дешавка ќему се најди на некој друг кој има проблеми со турбината, особено онаа на моделите од 110 КС

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Еве таму се наоѓа тоа цевчето шо беше оштетено кај мене, значи таму долу има искомбинирано гумени цревца со пластични цевчиња. Кај мене значи беше оштетено пластичното. А еве како дознав дека од таму тиши (бега воздухот):
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Го извадив тоа цревце и дувнав во него (ако е се нормално, нема да излегува воздух од никаде, а во мојот случај тишеше). Значи со дување лоцирав од каде излегува воздухот.

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 405
Одг: N75 вентил и "wastegate" актуатор
« Одговори #4 на: 22 Јуни 2018, 15:44:00 pm »
провери прво елисите од турбото али се движат лабаво. Тоа само да го откачиш актуаторот треба, еден осигурач е. Ако се движи 1-2мм, турбото ти е за чистење. Такви релеа побарај по отпадиве ефтини се, или кај ебај. Исто и вакум пупмата ( ватгејт акттурато) ти е некоои 700 ден, али користе.  Е сега ко ќе го тргнишусисот види перките дали вртат слобоодно.

Можам да им пристапам на перките од турбото без да ја вадам турбината од кола?

Провери и вакум цревата да не имаш некое пукнато или вакум пумпата дали воопшто функционира знае и она да откаже.

Како да ја проверам вакум пумпата?

Отсутен Bicikle

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10405
Одг: N75 вентил и "wastegate" актуатор
« Одговори #5 на: 22 Јуни 2018, 16:57:48 pm »
Не днам точно кај тебе како е поставена, но во најголем број од случаите со малку валкање на рацете се проверуваат перките и елисите.
А можеш и на акруаторот  да ставиш црефце да дувниш/повлечиш, не треба да има промаја. Втората слика над постов, од Ипкисија Безкоска. На вакуумбтреба малце да се враќа. Т.е.  треба скроз ама не можеш толку вакуум да направип со дишните органи.
Ако не чини вакуумнпумпата ли се чиниби кочницата ќе ти биде како штица :)