Автор Тема: Одјавување на бугарски таблици  (Прочитано 8739 пати)

Отсутен Kikulec

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 64
Одјавување на бугарски таблици
« на: 18 Јуни 2018, 19:04:51 pm »
Здраво екипа,

Прв пост, и одма прашање :)

Се работи за следнава ситуација, другар има кола на бугарски таблици, и истиот има и бугарски и македонски пасош, и си ја вози колата во Скопје. Јас сакам да ја купам, и пред да ја префрлиме на мое име, другарот ќе истера процедура за царинење, и сега прашањето ми е бугарските таблици што треба да се одјават, дали треба да се однесат во градот каде што е адресата на живеење на другарот и каде што е регистрирана колата, во случајов Софија, или може да се однесат и во Ќустендил, да речеме...?

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3464
Одг: Одјавување на бугарски таблици
« Одговори #1 на: 18 Јуни 2018, 20:36:32 pm »
Vaka:
Ides u dupnica baras firma da ja prefrlite na firma ja prefrlas na ime na firma, drugar ti si gi zima tablicite ja odjavuva kolata vo Kat sofija. Firmata ti sreduva dokumenti za izvoz plakas 200 evra na firmata vo dupnica cekas na Kat vo dupnica montiras col i picis nakaj severna. Toa ti e najednistavna varijanta

Отсутен Kikulec

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 64
Одг: Одјавување на бугарски таблици
« Одговори #2 на: 18 Јуни 2018, 20:59:20 pm »
Vaka:
Ides u dupnica baras firma da ja prefrlite na firma ja prefrlas na ime na firma, drugar ti si gi zima tablicite ja odjavuva kolata vo Kat sofija. Firmata ti sreduva dokumenti za izvoz plakas 200 evra na firmata vo dupnica cekas na Kat vo dupnica montiras col i picis nakaj severna. Toa ti e najednistavna varijanta
Ептен ми е „гимнастика“ така, наједноставно ми е тука шпедиција да среди царинење со другаров, а ние само да ги однесеме таблиците во Бугарија, само не знам дали може да се однесат во Ќустендил, или ќе мора да се оди до Софија... Шпедиторов рече ќе прашал, зошто и тој не знаеше, ама реков ај да прашам и тука, може некој имал слична комбинација скоро, па ја знае процедурата...

Него кај се одјавуваат таблициве, во полициска станица во Бугарија, или има некоја посебна установа за таа намена...?

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5017
  • The Spartan General
Одг: Одјавување на бугарски таблици
« Одговори #3 на: 18 Јуни 2018, 21:17:48 pm »
Мора сопственикот да отиде кадешто е регистрирана. Причината за тоа е да проверат дали е платен данокот или не. Кога ги носите документите во КАТ, носете си и белешка за платени даноци од општината. Теоретски двата система треба да бидат сврзани, ама без белешка за платени даноци нема да ви ја продупчат сообраќајната и прогласат за неважечка. За жал, мора или сопственикот или ополномоштено лице од него.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Kikulec

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 64
Одг: Одјавување на бугарски таблици
« Одговори #4 на: 18 Јуни 2018, 21:29:05 pm »
Мора сопственикот да отиде кадешто е регистрирана. Причината за тоа е да проверат дали е платен данокот или не. Кога ги носите документите во КАТ, носете си и белешка за платени даноци од општината. Теоретски двата система треба да бидат сврзани, ама без белешка за платени даноци нема да ви ја продупчат сообраќајната и прогласат за неважечка. За жал, мора или сопственикот или ополномоштено лице од него.
Да, да, тоа обавезно сопственикот, заедно ќе одиме со него, тој да ги заврши сите работи во Бугарија... Значи Софија ќе да мора... Ок, тоа е што е, ќе го тепаме патот до таму...

Него ако не ти е проблем, ќе може да ми појасниш што ќе му дојде тоа КАТ, и какви белешки за кои даноци...?

Едит: Ок, сконтав што е КАТ, служба за пасоши и визи во Софија, ја најдов на мапа... Уште ова за белешкиве за данок да ми подобјасниш што-како-зошто, претпоставувам мислиш на платен данок на имот, ама другаров нема никаков друг имот во Бугарија, освен колава, ако на тоа мислиш...
« Последно менување: 18 Јуни 2018, 21:52:07 pm Kikulec »

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4976
Одг: Одјавување на бугарски таблици
« Одговори #5 на: 18 Јуни 2018, 21:53:37 pm »
КАТ е како кај нас технички преглед. Ова околу даноците колку што знам треба да е платен данок за колата...

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5017
  • The Spartan General
Одг: Одјавување на бугарски таблици
« Одговори #6 на: 18 Јуни 2018, 21:59:03 pm »
КАТ е сообраќајната полиција во Бугарија и е одговорна за регистрација на коли, возачки дозволи и за безбедноста на сообраќајот на патиштата.

Во Бугарија колите имаат данок во општината кој се плаќа годишно. Данокот зависи од староста на возилото, колку киловати е и дали има катализатор. Голем број од македонците мислат дека плаќањето данок на возила во Бугарија е на доброволна основа и не го плаќаат. Така се трупаат даноци и камати со години. Кога дојде време за препродавање/одјавување наеднаш се освестуваат и пробуваат да потплатат некој за да не ги плаќаат даноците. Затоа пред да одите во КАТ сообраќајна полиција, прво да тркнете до општина и да проверите со сообраќајната колку данок должи сопственикот и да си го платите. Ако сакаш остави информации за колата, и ќе ти пресметам колку отприлика ќе треба да платите во општината.

После општината одите во КАТ, ја  пополнувате пријава и декларација дека колата е извезена од Бугарија и ја одјавувате и си ја барате сообраќајната назад, ќе ви ги задржат само таблиците.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Kikulec

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 64
Одг: Одјавување на бугарски таблици
« Одговори #7 на: 18 Јуни 2018, 22:08:53 pm »

Колата другаров ја купи пред неколку месеци, така да по некоја логика данокот ќе да е платен, зошто во спротивно не би можел да ја префрли на негово име, но од друга страна пак, данокот го платил претходниот сопственик, за другаров да може да ја префрли на негово име, а другаров не значи дека платил данок, или...? Ќе се чујам утре со него, и ќе го прашам за сигурно, и дали има некакви белешки за данокот... Во секој случај, фала ти за понудата за пресметката ;)

Уште две прашања :)

1. Дали треба да се закаже во КАТ време за прием, или одиш било кој ден во работно време, и тоа е тоа, завршуваш работа...?

2. Дали документот за одјава на таблиците го даваат одма, т.е. истиот ден, или треба да се чека ден/два/три...?

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5017
  • The Spartan General
Одг: Одјавување на бугарски таблици
« Одговори #8 на: 18 Јуни 2018, 22:14:03 pm »
Решение за данок обично излегува во Март/Април секоја календарска година  и може да се плати на два пати или наеднаш. Твојот другар би требало да плати за пола година или за периодот во кој е во негова сопственост. Зависи претходно дали е била на плац или е купена од приватно лице. Ако да, до купопродажбата даноците се на претходниот сопственик до датата на продавањето.

Не, КАТ работи од 8:30 до 17:30. Мислам дека околу пладне имаат еден час пауза за ручек. Општината работи исто од 8:30 до 17:30. НО, ако имате пари за плаќање пред некоја година имаше некое ограничување до 15:30 или 16:00 часот (не се сеќавам). Нема закажување никаде, и завршувањето работи зависи од гужвата. Сите работи се издаваат брзо што реално ако нема гужва сте готови за десет минути.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Kikulec

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 64
Одг: Одјавување на бугарски таблици
« Одговори #9 на: 18 Јуни 2018, 22:48:39 pm »
Решение за данок обично излегува во Март/Април секоја календарска година  и може да се плати на два пати или наеднаш. Твојот другар би требало да плати за пола година или за периодот во кој е во негова сопственост. Зависи претходно дали е била на плац или е купена од приватно лице. Ако да, до купопродажбата даноците се на претходниот сопственик до датата на продавањето.

Не, КАТ работи од 8:30 до 17:30. Мислам дека околу пладне имаат еден час пауза за ручек. Општината работи исто од 8:30 до 17:30. НО, ако имате пари за плаќање пред некоја година имаше некое ограничување до 15:30 или 16:00 часот (не се сеќавам). Нема закажување никаде, и завршувањето работи зависи од гужвата. Сите работи се издаваат брзо што реално ако нема гужва сте готови за десет минути.
Ок, готово, јас мислам дека тоа е тоа, ќе ги збркаме работиве неделава, евентуално наредната недела, па ако излезе дека има нешто различно од тоа што е објаснето тука, ќе ја обновам темава со новото инфо, ви благодарам на сите за одговорите ;)

Отсутен Kikulec

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 64
Одг: Одјавување на бугарски таблици
« Одговори #10 на: 30 Јуни 2018, 09:42:47 am »
Само да потврдам дека процедурата е таа горе-долу, паркираш на платениот паркинг одма карши КАТ, одиш во КАТ на шалтер 3-4-5, од таму те праќаат на шалтер 15 да пополниш една пријава, се враќаш на претходниот шалтер, плаќаш 6 лева, ги предаваш таблиците, ти ги поништуваат двата пластифицирани документи и ти ги враќаат назад, и си одиш во Decathlon, IKEA и H&M на шопинг за да ти се исплати патот :)

Не бараат никаков документ за платен данок, така да претпоставувам дека автоматски проверуваат во системот...

Заебот е што тука кај нас треба да се чека околу две недели за TUV ако возилито не е типско, ама јбг, тоа е што е, битно да се заврши работа...

Отсутен Kikulec

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 64
Одг: Одјавување на бугарски таблици
« Одговори #11 на: 08 Април 2023, 21:15:44 pm »
Да не отворам нова тема, за регистрација на кола, знае некој каде во Софија треба да се плати данок за кола на бугарски таблици? Претпоставувам во општината треба да ти кажат колку, и после тоа во банка да се направи уплатата?

Адреса од општината знае некој?

Исто така, плаќањево на данокот може да се направи онлајн, а колата да се регистрира во Ќустендил?

За другар прашувам, треба да ја регистрира колата, и не знам колку е точно ова, ама му рекле демек за регистрација може било каде, не мора во Софија, ама за данок морало во Софија, зошто таму се води со адреса, а не прашал за онлајн плаќање дали може.

Е сега, ако може онлајн да се плати, претпоставувам имаат некој систем кадешто може да си направиш профил, да се логираш, и да видиш колку имаш за плаќање, или тешко ова?

Инаку ова му е втора регистрација, му рекле дека нема потреба сега данок да плаќа, тек наредна година, што ми нема логика.

Секој совет е добредојден.
« Последно менување: 08 Април 2023, 22:20:34 pm Kikulec »

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14249
  • Пудингот на шоферството
Одг: Одјавување на бугарски таблици
« Одговори #12 на: 08 Април 2023, 22:25:58 pm »
Барај совет на некој карклуб форум.бг,сигурно имаат отворено дупликат,нема промаш кај мрсните. ;D
Поздраци го другар ти.. :)
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13874
Одг: Одјавување на бугарски таблици
« Одговори #13 на: 09 Април 2023, 00:24:13 am »
Одма клизачи патриотски пост од Дојчланд 😁😁😁

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2708
  • Слобода или смрт
Одг: Одјавување на бугарски таблици
« Одговори #14 на: 11 Април 2023, 20:02:28 pm »
КАТ е сообраќајната полиција во Бугарија и е одговорна за регистрација на коли, возачки дозволи и за безбедноста на сообраќајот на патиштата.

Во Бугарија колите имаат данок во општината кој се плаќа годишно. Данокот зависи од староста на возилото, колку киловати е и дали има катализатор. Голем број од македонците мислат дека плаќањето данок на возила во Бугарија е на доброволна основа и не го плаќаат. Така се трупаат даноци и камати со години. Кога дојде време за препродавање/одјавување наеднаш се освестуваат и пробуваат да потплатат некој за да не ги плаќаат даноците. Затоа пред да одите во КАТ сообраќајна полиција, прво да тркнете до општина и да проверите со сообраќајната колку данок должи сопственикот и да си го платите. Ако сакаш остави информации за колата, и ќе ти пресметам колку отприлика ќе треба да платите во општината.

После општината одите во КАТ, ја  пополнувате пријава и декларација дека колата е извезена од Бугарија и ја одјавувате и си ја барате сообраќајната назад, ќе ви ги задржат само таблиците.

Не даваат да минеш на технички ако не ти е платен данокот. Можеби порано можело но лани ме врати да платам данок прво па да ми даде документ од техничкиот.

Да не отворам нова тема, за регистрација на кола, знае некој каде во Софија треба да се плати данок за кола на бугарски таблици? Претпоставувам во општината треба да ти кажат колку, и после тоа во банка да се направи уплатата?

Адреса од општината знае некој?

Исто така, плаќањево на данокот може да се направи онлајн, а колата да се регистрира во Ќустендил?

За другар прашувам, треба да ја регистрира колата, и не знам колку е точно ова, ама му рекле демек за регистрација може било каде, не мора во Софија, ама за данок морало во Софија, зошто таму се води со адреса, а не прашал за онлајн плаќање дали може.

Е сега, ако може онлајн да се плати, претпоставувам имаат некој систем кадешто може да си направиш профил, да се логираш, и да видиш колку имаш за плаќање, или тешко ова?

Инаку ова му е втора регистрација, му рекле дека нема потреба сега данок да плаќа, тек наредна година, што ми нема логика.

Секој совет е добредојден.

Не мора во општина. Имаат EasyPay шалтери низ молови, маркети, трафики. Таму може да платиш разни сметки вклучително и данок. Даваш егн или сообраќајната не се сеќавам точно и тие вадат од систем колку должиш. Јас таму си го плаќам данокот за колата. Недостаток е што неможеш со картичка да платиш мора да имаш кеш.
« Последно менување: 11 Април 2023, 20:09:11 pm kimi makedonski »