Автор Тема: Одјавување на бугарски таблици  (Прочитано 8738 пати)

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5017
  • The Spartan General
Одг: Одјавување на бугарски таблици
« Одговори #15 на: 12 Април 2023, 07:04:23 am »
Тоа е значи ново воведено. Порано (пред 10-12 години) понекогаш не мораше колата и да влезе на канал со 20 евра.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13874
Одг: Одјавување на бугарски таблици
« Одговори #16 на: 12 Април 2023, 09:53:41 am »
КАТ е сообраќајната полиција во Бугарија и е одговорна за регистрација на коли, возачки дозволи и за безбедноста на сообраќајот на патиштата.

Во Бугарија колите имаат данок во општината кој се плаќа годишно. Данокот зависи од староста на возилото, колку киловати е и дали има катализатор. Голем број од македонците мислат дека плаќањето данок на возила во Бугарија е на доброволна основа и не го плаќаат. Така се трупаат даноци и камати со години. Кога дојде време за препродавање/одјавување наеднаш се освестуваат и пробуваат да потплатат некој за да не ги плаќаат даноците. Затоа пред да одите во КАТ сообраќајна полиција, прво да тркнете до општина и да проверите со сообраќајната колку данок должи сопственикот и да си го платите. Ако сакаш остави информации за колата, и ќе ти пресметам колку отприлика ќе треба да платите во општината.

После општината одите во КАТ, ја  пополнувате пријава и декларација дека колата е извезена од Бугарија и ја одјавувате и си ја барате сообраќајната назад, ќе ви ги задржат само таблиците.


Не даваат да минеш на технички ако не ти е платен данокот. Можеби порано можело но лани ме врати да платам данок прво па да ми даде документ од техничкиот.

Да не отворам нова тема, за регистрација на кола, знае некој каде во Софија треба да се плати данок за кола на бугарски таблици? Претпоставувам во општината треба да ти кажат колку, и после тоа во банка да се направи уплатата?

Адреса од општината знае некој?

Исто така, плаќањево на данокот може да се направи онлајн, а колата да се регистрира во Ќустендил?

За другар прашувам, треба да ја регистрира колата, и не знам колку е точно ова, ама му рекле демек за регистрација може било каде, не мора во Софија, ама за данок морало во Софија, зошто таму се води со адреса, а не прашал за онлајн плаќање дали може.

Е сега, ако може онлајн да се плати, претпоставувам имаат некој систем кадешто може да си направиш профил, да се логираш, и да видиш колку имаш за плаќање, или тешко ова?

Инаку ова му е втора регистрација, му рекле дека нема потреба сега данок да плаќа, тек наредна година, што ми нема логика.

Секој совет е добредојден.

Не мора во општина. Имаат EasyPay шалтери низ молови, маркети, трафики. Таму може да платиш разни сметки вклучително и данок. Даваш егн или сообраќајната не се сеќавам точно и тие вадат од систем колку должиш. Јас таму си го плаќам данокот за колата. Недостаток е што неможеш со картичка да платиш мора да имаш кеш.


Абе патриоту и ти обаче на блгарски возиш бе? ;D