Денес пак цел ден се расправав со изолација
Пред тоа имав наместено тервол и изолација од под хауба, внатре во багажникот... тераше некое време, се до денес кога пак ме чукна умот дека не ме бендисва то. Затоа од сабајле станав и заминав по одпади, најдов Форд Мондео и му ја зедов цела изолација од багажникот и на подкрилата што имаше и плус зедов од Ланчија, ама таа ми остана како вишак за нешто понатаму. И така ја сменав старата "изолација" од тервол
со нова фабричка од Форд.
Еве ја дебелината на изолацијата
И наместена на подкрилата и низ багажникот
Од 10 сабајле па до сега се распвав со неа и затоа неможев појќе да се замарам и да местам околу гумата, па го оставив така тој простор.
Јас сум задоволен од резултатот кој го осетив во ептен кратка пробна вожња
Ќе видиме ко ќе ја повозам поубо и наслушам добро