@zeroSignal ти благодарам за коментарот.

Моето прашање беше повеќе во смисла дали пречат моите објави во оваа тема пошто друг ја има отворено? Ми се допадна насловот и си реков да пробам. Нека останат во истата тема, мене не ми пречи, ниту имам посебна желба да отварате работа кога ете и тука може да се погледнат. Оставам на вас, како решите, така.

Што се однесува до експозицијата, убаво си забележал, но има еден момент што можеби не помисли дека е точен, а тој е дека колите навистина стојат.

Не можам да ги направам да се вртат тркалата, можам да направам да изгледа како целата кола е во движење. За ефектот со тркалата, ќе мора да се движат колите. Овие стоеја на пат.

Табличките ми одвлекуваат внимание од целата слика и целосно не ја пренесуваат емоцијата. Луѓето често знаат да гледаат токму во нив, а таа не е намерата. Затоа ги тргнав на страна, да можев ќе ставев некоја маска за да делуваат подобро.