Автор Тема: Увоз/царинење на IS300  (Прочитано 4498 пати)

Отсутен is200

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 244
Увоз/царинење на IS300
« на: 06 Јуни 2018, 19:00:19 pm »
Другарчиња,

Дали некој знае нешто околу можностите да се увезе и регистрира овој автомобил во МК? Ќе биде донесен од САД. 
Некаде слушнав дека постоеле некои дупки во законот за регулирање на увозот што дозволувале да биде легално увезен/царинет овој автомобил. Според податоците  се работи за Еуро 3 возило.

дополнителни информации

Ако некој ми каже како, го честам ручек во Битола ;)
Може и во приватна порака :)
« Последно менување: 06 Јуни 2018, 19:14:36 pm zeroSignal »
Made in Japan ☮

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30067
    • CARclub.mk
Одг: Увоз/царинење на IS300
« Одговори #1 на: 06 Јуни 2018, 19:15:17 pm »
Еуро 3 не можеш да увезеш, без разлика на потеклото.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Увоз/царинење на IS300
« Одговори #2 на: 06 Јуни 2018, 20:11:53 pm »
Има шанси како, само процедурата ќе трае околу една година и ти треба привремено исселен државјанин на РМ со американски документи.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен is200

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 244
Одг: Увоз/царинење на IS300
« Одговори #3 на: 06 Јуни 2018, 23:50:30 pm »
Има шанси како, само процедурата ќе трае околу една година и ти треба привремено исселен државјанин на РМ со американски документи.
Тој што ја продава е повратник од Америка, таму живее и има државјанство, а е по потекло од Македонија.
Лани беше тука, можеби средил документи веќе :) Во спротивно многу долго ми делува 1 година..

Ти благодарам друже.

Made in Japan ☮

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Увоз/царинење на IS300
« Одговори #4 на: 07 Јуни 2018, 08:14:59 am »
Условите се следни:
Колата да е во негова сопственост минимум шест месеци во Америка. Треба да е пријавен во МВР дека не е во државата.
После се донесува колата, се царини, па тој се пријавува во МВР дека ќе живее повторно во Македонија. Па на таа основа и со тие податоци/потврди/картончиња од МВР се поднесува барање за единично одобрување за пуштање во сообраќај во Македонија. После целата процедура, самиот човек нема право да ја продава во наредни шест месеци (а можеби беше и една година, не се сеќавам).
И на крај ти ја префрла. Таа е процедурата накратко. Кога се увезува такво возило од таков човек, еколошките норми не се земаат во предвид.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4042
  • MadaFunker
Одг: Увоз/царинење на IS300
« Одговори #5 на: 07 Јуни 2018, 08:28:54 am »
Луки ти си ѕвер! :D
New blood of old school

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20800
Одг: Увоз/царинење на IS300
« Одговори #6 на: 07 Јуни 2018, 08:34:04 am »
Луки ти е енциклопедија :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1885
Одг: Увоз/царинење на IS300
« Одговори #7 на: 07 Јуни 2018, 11:02:09 am »
Условите се следни:
Колата да е во негова сопственост минимум шест месеци во Америка. Треба да е пријавен во МВР дека не е во државата.
После се донесува колата, се царини, па тој се пријавува во МВР дека ќе живее повторно во Македонија. Па на таа основа и со тие податоци/потврди/картончиња од МВР се поднесува барање за единично одобрување за пуштање во сообраќај во Македонија. После целата процедура, самиот човек нема право да ја продава во наредни шест месеци (а можеби беше и една година, не се сеќавам).
И на крај ти ја префрла. Таа е процедурата накратко. Кога се увезува такво возило од таков човек, еколошките норми не се земаат во предвид.


Ова пробаа да го направат во Прилеп, но со фалсификат документи дека не е во државава газдата од колата и пред некој ден прочитав дека кривична му поднеле него и на сите инволвирани во случајот.

Муабетот ми е немој некој да те излажи дека ќе ти збркаат работа иако не ги исполнуваш условите за овој начин на увоз.
  www.malservis.mk - сѐ за твојот автомобил!

Отсутен is200

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 244
Одг: Увоз/царинење на IS300
« Одговори #8 на: 07 Јуни 2018, 13:57:12 pm »
Условите се следни:
Колата да е во негова сопственост минимум шест месеци во Америка. Треба да е пријавен во МВР дека не е во државата.
После се донесува колата, се царини, па тој се пријавува во МВР дека ќе живее повторно во Македонија. Па на таа основа и со тие податоци/потврди/картончиња од МВР се поднесува барање за единично одобрување за пуштање во сообраќај во Македонија. После целата процедура, самиот човек нема право да ја продава во наредни шест месеци (а можеби беше и една година, не се сеќавам).
И на крај ти ја префрла. Таа е процедурата накратко. Кога се увезува такво возило од таков човек, еколошките норми не се земаат во предвид.

Laki Senior the Wise :)

Свака част! Ќе се обидам да го наговорам сопственикот да ја среди оваа работа, не знам дали ќе се нафати.
Во секој случај, ти борчам :) Битола, Охрид, Струга, ако те носи патот, контактирај ме :)
Made in Japan ☮

Отсутен damjanku

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 301
Одг: Увоз/царинење на IS300
« Одговори #9 на: 08 Јуни 2018, 02:03:12 am »
Јас имам чуено и дека не се плаќа царина при таква постапка ама колку е тоа точно не се знае ;D

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5140
  • The Spartan General
Одг: Увоз/царинење на IS300
« Одговори #10 на: 08 Јуни 2018, 08:51:20 am »
Јас имам чуено и дека не се плаќа царина при таква постапка ама колку е тоа точно не се знае ;D

Не знам, тоа треба да се провери во законот за царина. Но, и ако не се плаќа царина, ддв и акциза сигурно ќе си посака државата.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.