Условите се следни:
Колата да е во негова сопственост минимум шест месеци во Америка. Треба да е пријавен во МВР дека не е во државата.
После се донесува колата, се царини, па тој се пријавува во МВР дека ќе живее повторно во Македонија. Па на таа основа и со тие податоци/потврди/картончиња од МВР се поднесува барање за единично одобрување за пуштање во сообраќај во Македонија. После целата процедура, самиот човек нема право да ја продава во наредни шест месеци (а можеби беше и една година, не се сеќавам).
И на крај ти ја префрла. Таа е процедурата накратко. Кога се увезува такво возило од таков човек, еколошките норми не се земаат во предвид.