Автор Тема: 2006 VW Golf V 1.9 TDI  (Прочитано 5949 пати)

Отсутен Nakolce

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
  • Имигрант
2006 VW Golf V 1.9 TDI
« на: 04 Јуни 2018, 13:26:15 pm »
За инат на Меркел и забраните за еуро 4...

VW Golf
Година на раѓање: 2006
Место: Дојчланд
Мотор: 1,9 ТДИ 66kw/90ps
Менувач: мануелен со 5 брзини
Километри: колку сакаш (пишува 174 000)

Опрема:
- Клима (не е автоматска)
- греачи на предни седишта
- Темпомат
- И то.






Сликите се со зимскиот сет. Летни гуми си доби нови Hankook  кои исто така се на челични бандаши :D
Од опрема фалат доста ситници кои не ми се толку битни.
Моторот ми е доволен, не планирам да се тркам со него или да возам 200 на аутобан (ми помина тој мерак).

Планови сега за сега нема, но наредната година можеби ќе се чепка нешто.
Алуминиумски бандаши,
комплет ново озвучување со некој медиа систем
Наслоњач за рака (го има половен за 40-тина евра комплет со сите пластики околу него)





Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: 2006 VW Golf V 1.9 TDI
« Одговори #1 на: 04 Јуни 2018, 13:32:31 pm »
Со здравје да си го возиш.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8534
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: 2006 VW Golf V 1.9 TDI
« Одговори #2 на: 04 Јуни 2018, 14:08:59 pm »
Честитки...
Се офајди и ти ;)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: 2006 VW Golf V 1.9 TDI
« Одговори #3 на: 04 Јуни 2018, 14:34:24 pm »
На оваа кола треба само алуминиумски бандажи летни, MP3 да чита и темпомат.

Отсутен Nakolce

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
  • Имигрант
Одг: 2006 VW Golf V 1.9 TDI
« Одговори #4 на: 04 Јуни 2018, 15:08:25 pm »
Благодарам на честитките :D

На оваа кола треба само алуминиумски бандажи летни, MP3 да чита и темпомат.
има темпомат.. Другото ќе биде :D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: 2006 VW Golf V 1.9 TDI
« Одговори #5 на: 04 Јуни 2018, 21:41:52 pm »
тЕдЕИ брачко, ова ќе ја придвижи Македонија напреед у европа! ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Nakolce

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
  • Имигрант
Одг: 2006 VW Golf V 1.9 TDI
« Одговори #6 на: 26 Јуни 2018, 00:52:13 am »
Порачав лед диоди од кина и стигнаа за 10 дена :D



Сум го правил Ден.

Го приклучив на компјутер и ми даде грешка за моторчињата за перење фарови.
гледам дека има моторчиња ама незнам што да им правам :D
Ги вадел некој тие? треба да се вади браник или само фаровите?

Отсутен NeVeNR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 983
Одг: 2006 VW Golf V 1.9 TDI
« Одговори #7 на: 26 Јуни 2018, 23:02:39 pm »
Сигурен ли си дека ќе поминеш ТУВ со афтермаркет диоди? Кај мене на претходната кола газдата се нафати да ми направи нов ТУВ со баш такви диоди и знам дека стоеше како забелешка во ТУВот дека мора да се сменат, заедно со белите жмигавци и уште некои други ситници.
Зини да ти кажу.

Отсутен Nakolce

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
  • Имигрант
Одг: 2006 VW Golf V 1.9 TDI
« Одговори #8 на: 26 Јуни 2018, 23:13:00 pm »
Сигурен ли си дека ќе поминеш ТУВ со афтермаркет диоди? Кај мене на претходната кола газдата се нафати да ми направи нов ТУВ со баш такви диоди и знам дека стоеше како забелешка во ТУВот дека мора да се сменат, заедно со белите жмигавци и уште некои други ситници.
просто и едноставно.. мењаш сијалици (само на таблица) одиш на тув поминуваш.. се враќаш мењаш и тераш...
Иначе ги променив само на таблиците и внатре. ништо друго.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: 2006 VW Golf V 1.9 TDI
« Одговори #9 на: 26 Јуни 2018, 23:20:50 pm »
...

И измеѓу молиш Бога да не упаднеш во очи на полицијата.  ;D ;D
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: 2006 VW Golf V 1.9 TDI
« Одговори #10 на: 26 Јуни 2018, 23:30:46 pm »

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Nakolce

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
  • Имигрант
Одг: 2006 VW Golf V 1.9 TDI
« Одговори #11 на: 26 Јуни 2018, 23:36:20 pm »

Отсутен Nakolce

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
  • Имигрант
Одг: 2006 VW Golf V 1.9 TDI
« Одговори #12 на: 12 Март 2019, 20:40:06 pm »
Дојде време и за малце играње околу колата...

Купено Андроид радио од Ebay 119 евриќи.. Нема CD али и не ми е битно... Утре треба да стигне па до сабота да го монтирам :D
Првична намена е потребата од усб за музика и навигација.. Сите останати опции не ми се толку битни.

https://www.ebay.de/itm/2DIN-Autoradio-Android-8-1-GPS-Navi-Bluetooth-Fur-VW-GOLF-5-PASSAT-POLO-Caddy/163552619733?_trkparms=aid%3D111001%26algo%3DREC.SEED%26ao%3D1%26asc%3D20180816085401%26meid%3D5c5ca72602254d10a122ab3cd0dc32ba%26pid%3D100970%26rk%3D2%26rkt%3D10%26mehot%3Dpp%26sd%3D122241193355%26itm%3D163552619733&_trksid=p2481888.c100970.m5481&_trkparms=pageci%3A03968a78-44fe-11e9-a741-74dbd180c40e%7Cparentrq%3A736738791690ac3c3bb66de3ffef1125%7Ciid%3A1

Отсутен godofspeed

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2840
Одг: 2006 VW Golf V 1.9 TDI
« Одговори #13 на: 12 Март 2019, 22:24:44 pm »
Ова со радиово е одлична ствар.Јас сакам на пробето ама не сум дојден уште до тоа :D

Отсутен Nakolce

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2310
  • Имигрант
Одг: 2006 VW Golf V 1.9 TDI
« Одговори #14 на: 16 Март 2019, 18:21:35 pm »
Бидна радиото, Првично задоволен од брзината и опциите кои ги има.

Монтажата е проста и едноставна, немаше потреба од некои сечења и преспојувања на кабли.. се беше едноставно. Единствен проблем е што фабричкото радио е со 2 антени за радио а со ова дојде приклучок за една, па ќе треба да набавам додаток со 2.. (10евриќи на ејеб)

Има опција и за камера за рикверц али план да ја вградувам сега за сега нема. Па кога возам рикверц се пали црн дисплеј на радиото.
Bluetooth - от функционира добро али ме слушаат како да сум во дупка некоја.. Секако не планирам да го користам,
Медиа плеерот е добар и за навигација дојде Sygic  софтвер со него.. Сега за сега е добро но во план ми е iGO да ставам кога ќе дојдам во МК во мај.

Еве некое сликиче од монтажата: