Еве ме

Вака... Имам Мерива А, произведена крај на 2004та. Значи не е фејслифт моделот (надворешно), али ја има внатрешноста како на фејслифтот (поставеноста на централниот дисплеј, има од поновите радија...).
Го имам 1.7цдти моторот со 101 коњ.
Прво, седењето у споредба со голф 4, ќе ти биде чудно на почеток, ама брзо ќе се навикнеш. Вожњата не е толку тврда, ама па и не е којзнае колку мека, али е поудобна од голфот. Големичок багажник, (за мој вкус у потреби) доволно простор внатре, големи стаклени површини па не е клаустрофобична внатре, а сето тоа склопено во не многу големи димензии.
Моторот... Моторот е можеби меѓу побучните за тој период, али работи мирно, рамномерно (ако е здрав нели). Не е најбрза кола у свет, али не купуеш Мерива за да бидеш најбрз нели... За каросеријата е таман (иначе тежи повеќе од 1200кг, повеќе е накај 1400). Троши меѓу 7 и 8.5 (градска), зависи од временски услови и како ја возиш. За одржавање е релативно евтин, не е некоја комплицирана машина. Делови имаш во изобилије, како нови така и половни. Ја возиш до кај 140-150, над тоа е веќе пребучна и неудобна.
Гуми 185/60/15. Малце смотана димензија.
1.3 дизелот би бил слаб. Исто 1.4 бензинецот. Не дека нема да вршат работа, ама се осетно послаби.
Јас сменив сет квачило. Турбината е кај мене ОК. Сменив алтернатор, компресор за клима.
Другото е у рамки на потрошен материјал (голем и мал сервис). Збориме за делови као сет каиши, термостат, водна пумпа, дискови и плочки итн итн. Уље од прв ден до ден денес вози GM 5w30. До сега нема знаци на губење, течење.
Тоа е тоа општо вака... Друго, прашај па да ти кажам...
Ако имаш желба, помини, види ја, пробај ја... Може ќе ти помогне да си разрешиш некои дилеми и да си одговориш некои прашања...

Sent from my Redmi Note 4x