Автор Тема: Избор на летни гуми  (Прочитано 2875 пати)

Отсутен Cole

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Избор на летни гуми
« на: 24 Мај 2018, 23:43:11 pm »
Користев фабрички Бритчстон Туранза 195/50/15,поминав 35000 км за 9 год. , имам зимски Сава на други бандаши.Ме итересира дали треба да ги менувам Бритчстонот бидејќи имаат шара но странично се веќе напукнати.
И дајте предлог за летни гуми , 4 комада средна класа !

Отсутен masterficx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 482
Одг: Избор на летни гуми
« Одговори #1 на: 24 Мај 2018, 23:52:35 pm »
Добро, а не осеќаш некаков проблем со толку стари гуми ?
Cheap + Reliable = Not Fast
Fast + Cheap = Not Reliable
Reliable + Fast = Not Cheap

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Избор на летни гуми
« Одговори #2 на: 24 Мај 2018, 23:57:14 pm »
Стави си Ханкук Кинерџи Еко. Послушај ме.

Ќе добиеш 2 класи потивка и поудобна кола од што си имал.

Би требало да те кошта околу 10-15000 денари тоа задоволство.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Избор на летни гуми
« Одговори #3 на: 25 Мај 2018, 03:11:16 am »
Ханкук треба да му плаќа на Дени за рекламите  :)  Купив нови кинерџи еко к425 пред скоро 2 години, ама не успеав да ги повозам многу пошто отиде колата и  се скина едната во сообраќајката...брат ми купи и тој по мене и уште ги вози, се жали дека опасно лизгале и прошлајфувале на мокро, особено на бојата по патот.

Отсутен Tesla

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • Eбач на батерии :D
Одг: Избор на летни гуми
« Одговори #4 на: 25 Мај 2018, 06:48:48 am »
Да, прошлајфуваат на мокро и боја. И ние ги имаме ама на суво се топ.
Следни на список nexen n'blue hd+.
Д'г ж'т в'к п'н б'и - Долг жолт волк полн болви.

Zenu dupe krasi a tortu orasi.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Избор на летни гуми
« Одговори #5 на: 25 Мај 2018, 09:14:12 am »
Имам фабрички кинерџи еко 425 на i10, 35.000 до сега, 7ма година тераат, 90% градска. Никакви деформации, пукнатини и слично. Не се многу подложни на абење, сеуште не пролизгуваат. Од тој аспект, презадоволен.

Колку за пример, зетот на Меган3 со мишелин, по 3,4 години и едвај 40.000, му беа испукани од страна.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Избор на летни гуми
« Одговори #6 на: 25 Мај 2018, 09:28:37 am »
Ozone cracks се тоа на гумите. Зависи од складирање, од атмосфесрки влијанија, од самата гума.. Не мора да значи ако имаат мали пукнатинки дека се лоши или дека треба да се мењаат гумите. Стоењето (невозењето) има доста голема улога во формирањето на овие пукнатини, бидејки антиозонантите се активираат при деформирањето што се случува при возење.


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Избор на летни гуми
« Одговори #7 на: 25 Мај 2018, 09:44:27 am »
Можеби не се лоши, ама шубе...
Зетот ги смени Мишелинките со Сава, и еве со ист режим на вожња и 4 години, никакви на око оштетувања.

Присутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1413
Одг: Избор на летни гуми
« Одговори #8 на: 25 Мај 2018, 11:36:44 am »
Се погоди оваа сезона на три коли да сменам гуми во исто време. Сите три различни ги ставив. Интересно за споредба се Гранде Пунтото и Фиориното што ги имам дека се со иста димензија 185/65/15. Пунтото доби Michelin Energy Saver+ а Фиориното Hankook Kinergy eco2. Нема баш никаква разлика во ништо, исто бучат, исто се меки, а и исто траат (порано беа обратно, Пунто со Ханкоок, Фиорино со Мишелин). Е има разлика во цената и тоа за нешто повеќе од 5.000 денари (вкупно за 4) во корист на Ханкоок.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Избор на летни гуми
« Одговори #9 на: 25 Мај 2018, 13:18:05 pm »
И @tishlaufer сега зема од Ханкукот што се врв.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Избор на летни гуми
« Одговори #10 на: 25 Мај 2018, 14:22:00 pm »
@Deni A namesto kinergy da se zeme od tie popremium Hankook primacy ili kako i da se vikaa? Razlika megju niv?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Избор на летни гуми
« Одговори #11 на: 25 Мај 2018, 14:33:10 pm »
@Deni A namesto kinergy da se zeme od tie popremium Hankook primacy ili kako i da se vikaa? Razlika megju niv?
Имам Вентус Прајм на другава кола, ама мислам дека кога би имало димензија Кинерџи еко би одел на тие. На поголеми димензии мора да се оди на Вентус зошто само тие ги има во 16ки-17ки.

Инаку по тестови треба да видиме. На tirereviews стално има актуелни тестови од Адац, аутобилд или слични релевантни куќи. Ако се во топ 5 рецимо на тестовите, а се најтивки и најудобни тоа јас би бирал.

Немора Ханкук така се погоди да им е приоритетот на кинерџи Еко. Ама има и други по тестови кои се слични.

http://www.tyrereviews.co.uk/Article/2018-AutoBild-Summer-Tyre-Overview.htm

http://www.tyrereviews.co.uk/Article/2018-ADAC-Summer-Tyre-Test-205-55-R16.htm

http://www.tyrereviews.co.uk/Article/2018-Test-World-Summer-Tyre-Test.htm

http://www.tyrereviews.co.uk/Article/2018-Auto-Bild-15-inch-Summer-Tyre-Test.htm

http://www.tyrereviews.co.uk/Article/2017-Auto-Bild-Summer-Tyre-Shootout.htm

http://www.tyrereviews.co.uk/Article/2016-AutoBild-Summer-Tyre-Test.htm

Еве овде разлистај тестчиња.