секси количе искрено. колку троши? неверувам дека е над 7л со моторченцево
Секој ден ја возам Ново Лисие - Влае - Ново Лисиче.
Строго возење низ град со гужвите на сабајле и со пуштена клима е околу 6.8-7 литри во од Јуни до Денес.
Тука вклучувам дремење на семафори кај Годел, Автокоманда, Пластичарска улица, Касарна Илинден и многу тргни-застани ситуации.
Кога климата не е во игра троши околу 6.5 на истата релација возење низ градскиот хаос.
Кога идам преку обиколница на истата рута Ново Лисиче - Белви - Кондово - Влае потрошувачката се движи околу 5.5-5.7.
Ова вкучува малку гужва од Ново Лисиче до Белви и од Кондово до Влае. Затоа што по обиколница на отворено држи просек околу 4.7-5.2.
Многу ретко ја возам 120 по обиколнца обично сум 110-140 во зависност од сообраќај.