Автор Тема: Ситно перфориран лим за звучници (заштитна мрежа) - каде да најдам?  (Прочитано 5037 пати)

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Ми треба помала количина на ситно перфориран лим, кој типично се користи за изработка на заштитни мрежи на звучници во кола.

Дали има некој идеја каде се продава такво нешто, за да не морам да уништувам некои звучници само за мрежата?

Благодарам. :)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 45242
  • Il Moderatore
Јас мислам дека имам пар мрежички од звучници 17цм за во кола. Ако ти бркаат работа, поклон ги имаш.
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

There’s nothing better than driving a car you fixed

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Јас мислам дека имам пар мрежички од звучници 17цм за во кола. Ако ти бркаат работа, поклон ги имаш.

Одлично, благодарам!

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11902
  • Архитект
Такви перфорирани лимови мислам дека има добар избор во Минесота. Во Бардовци што е тоа за инокс материјали.
Само дали имаат толку ситна, незнам.


Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Благодарам на @Simo - Carrier159, мрежичките одлично ќе завршат работа.

За во иднина, благодарение на @osmica8, знаеме дека во Минесота има навистина одличен избор. Најситната перфорација што ја имаат е 0.5 милиметри.

Единствен проблем, така речено, е фактот што минимум рез е 1 должински метар, а лимовите се со стандардна широчина од 2 метри - што ќе рече дека минималната количина за набавка е 2 квадратни метри.