Пред да го купам дизелот, сериозно размислував за бензинец, токму заради дпф, ама заради сплет на околности, кои на тема Hyundai i30 crdi некој ден ќе ги опишам, сепак се одлучив за дизел. Сепак, кога се купува ново возило, треба да се прочита упатство за употреба, или претходно убаво да се исконсултираат форуми и сајтови за да се дојде до повеќе информации.
ЕУРОДИЗЕЛ а не нафта за домаќинство и слични работи
МАСЛО по спецификација а не надрилекарства.
ПРОВЕРКА кај овластен сервис за можни грешки а не кај маалски мајстори со сомнителен софтвер.
Да, дпф не е вечен, но што е вечно.
При пасивна регенерација, ништо посебно не се случува, не си ни свесен дека се чисти. Не се случува во Град.
Активна регенерација се покренува по одредена акумулација во дпф, и мора да продолжиш да возиш, во спротивно не се комплетира процесот.
По неколку неуспешни обиди на активна регенерација следи Присилна регенерација, на сервис.
Ако и тоа не се направи, возачката во Вардар.
Ова е воглавно, детали се разликуваат за секое возило.
ПС
Да не се правам паметен на туѓи маки, Секогаш има исклучоци, со фабрички недостатоци. Ама има морони кои бутаат биодизел мислејки дека се во тренд со времето(лично познавам таков) и после не признаваат дека ја усрале...