Автор Тема: Вадење на DPF и гасење софтверски?  (Прочитано 15630 пати)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20115
Одг: Вадење на DPF и гасење софтверски?
« Одговори #15 на: 22 Април 2018, 00:20:56 am »
Да Автотек, помини кај нив, се наоѓаат во Геге, одма лебо после надвожњакот од Влае према Драчево.
[/quote]

геге влае драчево :D :D :D

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Вадење на DPF и гасење софтверски?
« Одговори #16 на: 22 Април 2018, 00:30:11 am »
Пред да го купам дизелот, сериозно размислував за бензинец, токму заради дпф, ама заради сплет на околности, кои на тема Hyundai i30 crdi некој ден ќе ги опишам, сепак се одлучив за дизел. Сепак, кога се купува ново возило, треба да се прочита упатство за употреба, или претходно убаво да се исконсултираат форуми и сајтови за да се дојде до повеќе информации.

ЕУРОДИЗЕЛ а не нафта за домаќинство и слични работи

МАСЛО по спецификација а не надрилекарства.

ПРОВЕРКА кај овластен сервис за можни грешки а не кај маалски мајстори со сомнителен софтвер.

Да, дпф не е вечен, но што е вечно.

При пасивна регенерација, ништо посебно не се случува, не си ни свесен дека се чисти. Не се случува во Град.

Активна регенерација се покренува по одредена акумулација во дпф, и мора да продолжиш да возиш, во спротивно не се комплетира процесот.

По неколку неуспешни обиди на активна регенерација следи Присилна регенерација, на сервис.
Ако и тоа не се направи, возачката во Вардар.

Ова е воглавно, детали се разликуваат за секое возило.

ПС
Да не се правам паметен на туѓи маки, Секогаш има исклучоци, со фабрички недостатоци. Ама има морони кои бутаат биодизел мислејки дека се во тренд со времето(лично познавам таков) и после не признаваат дека ја усрале...

Отсутен ghost555

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 140
Одг: Вадење на DPF и гасење софтверски?
« Одговори #17 на: 22 Април 2018, 01:03:22 am »
Јас го извадив кај нив, и егрот, и чипување.

Дечките си ја знаат работата. Јас сум задоволен од сработеното.

Остај ги овие погоре што паметуваат, ама никој од нив не отишол и не купил нов ДПФ! Лесно е да се продаваш памет и да возиш бензинец од 99та или 1.9тди без ништо. Ретки се со муда  како Симо и Марјанот да купат квалитетен бензинец, они имаат право и да коментираат.

И јас се слагам дека не е ОК да се загадува и онака загаденото ни Скопје...али нека застане некој позади ауспух додека прави регенерација ДПФот и нека ме убеди дека не загадува со ДПФ, а кај мене почна да прави на секои 2 недели. И чаре стручњаци?
Нека се донесе закон, нека не исклучат сите што не сме еуро 6 и поштено ќе си купиме UP и Клио.

За што кола се работи?


Ако некој вози бензинец или дизел од 99та толку пари имал и таква кола си купил, ако имал пари ќе си купел доста понова ако не и од салон. Симо и Марјанот ако возат малце пожедни бензинци не е ради што имаат муда, него ради што финансиски се способни да си го овозможат тоа, може било кој да има муда ако нема пари џабе му е и најголеми да му се. За ДПФ от јас се обраќам на сите оние фраери кои ги гледам по градов со увезени коли како ауди, бмв, мерцедеси, пасати и слично кои ги земале затоа што се јаки коли а притоа немаат пари да ги одржуваат па вадат се од нив ко ќе дојде ред за сервис. Логиката е ако имаш 4000 евра ќе си купиш корса, а не а4 ка од увоз што во умот на просечен македонец со 300к поминати е како нова, во Германија е возена па после ко ќе види колку е одржување наоѓа решенија како ќе извадам дпф, ќе изгасам егр, што е ова бе гумиве за 17ка бандаж изгор скапи нормални ли се овие, ќе си земам на старо, откажал делов дај по отпади ќе барам ќе ја крпиме работава, ама ко ќе ме видат возам ауто. И јас сакам малце да ми троши колата ама баш ради такви глупости со дизелите и тоа што возам градска само нема да земам дизел, на крај краева постои плин, на никого нема да му се смали ако ја конвертира на плин место бензин.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Вадење на DPF и гасење софтверски?
« Одговори #18 на: 22 Април 2018, 11:48:26 am »
Не спомнав, и стилот на возење има влијание за рано полнење на дпф-от.

На ладен мотор низ град, гледам ги газат како да се на трки или па на отворено бркаат за 100 ml помала просечна потрошувачка ко божем којзнае колку ќе заштедат.

Отсутен dzanfranko

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 10
Одг: Вадење на DPF и гасење софтверски?
« Одговори #19 на: 23 Април 2018, 15:22:05 pm »
Не знам зашто им се правдате на некои мудреци и нивните ставови и мислења ви се битни. Кој им дава право да кажуваат какви коли треба да се купуваат? Кога у нашава држава можат да се возат 30 години стари дизели тогаш може и да се вади ДПФ на нови дизели.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Вадење на DPF и гасење софтверски?
« Одговори #20 на: 23 Април 2018, 16:02:53 pm »
Зборуваш за Автотек?
Инаку, се работи за 325d 2007ма.
На 110,000 км прв пат ми се упали ДПФ. Го чистев тогаш.
Па пак ми се упали на 180,000км го чистев пак.
Сега сум на 235,000 и пак ми се упали. ДПФто е толку старо што чистење и регенерирање веќе не му помага и јас би сакал да не го тргам (инаку немаше да се замарав со чистење) али купување нов е финансиско-самоубиство, репарирани почнуваат од $500 па нагоре, барем да ги ослободеа од царина и ддв.

Друже, ако сакаш да имаш DPF, 300-400 евра не е некоја страшна бројка.

Се разбира имаш решение да го извадиш.

Отсутен Leon-cist

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 778
  • .
Одг: Вадење на DPF и гасење софтверски?
« Одговори #21 на: 23 Април 2018, 23:32:17 pm »
Зборуваш за Автотек?
Инаку, се работи за 325d 2007ма.
На 110,000 км прв пат ми се упали ДПФ. Го чистев тогаш.
Па пак ми се упали на 180,000км го чистев пак.
Сега сум на 235,000 и пак ми се упали. ДПФто е толку старо што чистење и регенерирање веќе не му помага и јас би сакал да не го тргам (инаку немаше да се замарав со чистење) али купување нов е финансиско-самоубиство, репарирани почнуваат од $500 па нагоре, барем да ги ослободеа од царина и ддв.

Друже, ако сакаш да имаш DPF, 300-400 евра не е некоја страшна бројка.

Се разбира имаш решение да го извадиш.
zarem tolku koshta dpf-ot? Iskreno nemam soznanie kolku koshta odprilika.
VW MK-7 (1.6 тди)

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: Вадење на DPF и гасење софтверски?
« Одговори #22 на: 24 Април 2018, 00:15:32 am »
Каде има нов ДПФ а да не е тоа овластен сервис, и ако е 300еур нов дпф кој не би го заменил кога отстранување чини околу 150еур?

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Вадење на DPF и гасење софтверски?
« Одговори #23 на: 24 Април 2018, 00:32:54 am »
Кога ќе се изанализираат можните причини за затнување на дпф и нивна санација вклучително и нов дпф,( а  не може ништо да се направи со возачките навики и потреби), наједноставно и најевтино е исечи и фрли.


Отсутен darkomic

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 382
Одг: Вадење на DPF и гасење софтверски?
« Одговори #24 на: 26 Април 2018, 22:49:24 pm »
Ако толку траеја DPF филтрите немаше Џонсон Мети да пренамени 2 линии 24/7 да произведуваат DPF филтри. Мислам дека во план му е и уште една линија да ја пренамени за DPF филтри. Инаку таму имаат вкупно 4 линии.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Вадење на DPF и гасење софтверски?
« Одговори #25 на: 27 Април 2018, 00:00:26 am »
Лош му е планот, очигледно никој не купува дпф, сите гледаат да го извадат.

Отсутен darkomic

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 382
Одг: Вадење на DPF и гасење софтверски?
« Одговори #26 на: 27 Април 2018, 13:19:35 pm »
Лош му е планот, очигледно никој не купува дпф, сите гледаат да го извадат.
Да, во Џонсон Мети се дупнаја од произведување DPF и катализатори за македонски пазар.

Отсутен dangthe

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 46
Одг: Вадење на DPF и гасење софтверски?
« Одговори #27 на: 27 Април 2018, 15:32:47 pm »
Не ви ја разбирам логиката "па скапи се ДПФ филтрите, како да дадеме 5-600 евра"

Па ако немаш пари за нов ДПФ доколку се заебе, зошто купуваш кола со ДПФ? Или све е супер кога штедиш пари од дизелот, ама кога ќе треба да се поправа, кој го ебе дпф-от а и кој ве ебе сите што ќе ве трујам кога ќе го извадам.

АКО НЕМАШ ПАРИ ДА ЈА ОДРЖУВАШ КОЛАТА ШТО СИ ЈА КУПИЛ, НЕМОЈ ДА ЈА ВОЗИШ. Не релативизирај уствари ова дпф врска нема, и со дпф загадува, бла бла бла бла
« Последно менување: 27 Април 2018, 15:39:58 pm dangthe »

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Вадење на DPF и гасење софтверски?
« Одговори #28 на: 02 Ноември 2019, 09:28:16 am »
Интересно и поучно видео


Отсутен darkserial

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 789
Одг: Вадење на DPF и гасење софтверски?
« Одговори #29 на: 02 Ноември 2019, 10:23:08 am »
А чекај, јас возам Golf 5 без дпф од 2005. Што ќе има разлика некој со мене ако вози исто Golf 5 со дпф од 2008ма и го извади? Повеќе ќе загадува тој? :D Според мене, не! :D
VW Golf 5 1.9 TDI - 77kw - 2005