Другари ајде да ви дадам едно четиво за на плажа, кај и да сте по одмори убаво да си поминете
Знаете од претходните постови дека ме зденаа од десната страна и предната врата беше најоштетена, мора да се замени со друга.
Пред да споделам слики и што е сработено на колата да ви кажам нешто од искуство, некои може веќе си знаете но ете да се најде за недајбоже. Значи добив проценка од осигурителната компанија за штетата која што не вклучуваше промена на вратата, наводно по нивна проценка се поправала. Решив да барам друга проценка бидејќи вратата очигледно не се поправа и мора да се купи друга, макар и поволна.
Добив повик од осигурителната компанија, велат спогодбено да ти исплатиме веднаш сума помала од првично предвидената штета. Им реков не се согласувам, што има да правам јас спогодба со вас, јас не сум крив за незгодата а мојата штета е поголема од вашата првична проценка и сега велам вие ми нудите спогодба на помала сума. Им се заканив со тужба со докази дека вратата е заменета плус и им реков дека сигурно ќе добијам на суд и ќе треба да ја исплатат штетата плус да платат судски трошоци, на што нивниот одговор веднаш беше да ми ја исплатат штетата целосно т.е. со вклучена промена на вратата.
Така да не прифаќајте ништо што не ја покрива вашата штета, зошто спогодбено кога тие и така и така мора да ја платат штетата.
Толку за тоа, сега за колата. Бидејќи штетата опфаќаше фарбање на двете десни врати... ми текна дека ќе дели таа страна од цела кола, лакот и бојата на места беа во ептен лоша состојба. Затоа решив на сопствен трошок да го офарбам остатокот.
Почнав со растурање:
Старото добро место, како да е резервирано само за мене хахаха
Почнав да ги растурам вратите, да се вадат кедери и стакла.
Наместив новата предна лева врата да видам дали лежи се во линија.
И се изгледа ОК.
Па се префрлив на другата страна.
Немам слики, но изваден е и заедниот браник исто така. Останува да се доизвадат лајсните и полумесеци па ќе видиме што ќе биде следно, треба да се процени состојбата под пластиките, среќа на предните крила нема скапаници.