Јас имам позитивно искуство со квалитетот на производите до Виденов. Виденов за цената се дури и изненадувачки квалитетни, доста подобри од Форма Нова или сл. нискобуџетни мебелари.
Пробајте од Југоекспорт нарачајте нешто, ако сакате после една година да го видите кај вас дома! Па тек тоа ако му е бојата различна од сликите, е тек тогаш сте го е*але ежот!

Даваат и гаранција и обезбедуваат резервни делови, барем според условите на ПИШАНАТА гаранција што ти ја даваат. Колку што знам имаат и 30 дена полиса на враќање, исто на пишаниот лист со фактурата го пишува тоа. Нејќеле или сакале - ако пишале мора да го направат, ако не сами, тогаш со помош на ДПИ.
Еве, најдов на сајтот услови, и тука си пишува:
https://videnov.mk/page/obshchi-usloviya-na-mebeli-videnovПотрошувачот има право да одбие и да побара враќање на нарачаната и купената стока во рок од 30 (триесет) дена од приемот на стоката на адресата за достава, доколку тие се комплетни со придружната документација за купување и под услови под чл. 45 и 46 од Законот за заштита на потрошувачите.
Ретко кој од другиве мебелари има пишани услови, на кои што можеш многу лесно да се повикаш пред надлежни служби.