Ја прелистав темава, и сеуште не можам да разберам како јас и брат ми пораснавме во пегличка, па во југо...по Грција, по Црна Гора на одмори итн. итн. Ќе го прашам после татко ми у приколка да не не возеле зошто и 2те коли со кука... евенезнам 
Не значи тоа дека било безбедно тогаш

Само што свеста (и законите) биле поинакви.
Да речеме немало законска обврска да имаш специјално седиште за дете. Најчесто мајките...седеле позади и ги држеле децата.
Измените во законите биле направени токму заради тоа дека се покажало дека тоа не е безбедно

It's called evolution

И јас сум растен во Застава, како и многу други од нас. Сум висел како папагал меѓу седишта дур гледав како вози татко ми, а едно нагло кочење ќе летав низ шофершајбна.
Сум седел напред на совозачко и татко ми давал да го држам воланот и да возам.
Мајка ми ме научи (да...убаво прочитавте, мајка ми!) да возам кола на 8 години, со изговор „Ако некогаш ми се слоши да знаеш да се снајдиш“.
Возев кола низ град на 13-14 години, речиси секој ден, без возачка, ама во присуство на моите, никогаш сам.
Една недела пред да полагам за возачка, возев во катастрофални услови за Скопје, оти мајка ми се плашеше да вози

Е сеа сето ова можеби сега изгледа сулудо, не знам како, па сум израснал како шо треба.
Целата тема се начна за како требало да се возат бебињата/малите деца дур се патува.
Ваше право е како си ги возите и каде ви седи жената.
Ние решивме така, вие како си милувате
