Автор Тема: Нов хечбек  (Прочитано 24074 пати)

Отсутен eko13

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 70
Нов хечбек
« на: 14 Март 2018, 10:08:11 am »
Здраво друштво,

во потрага сум по фамилијарен хечбек (седан не ми одговара пошто жената ми има проблем со возење поголемки коли).

Буџет докај 15-16.000 максимум.

Годишно не возам повеќе од 6-8.000 км така да дизел воопшто не ми треба нити па плин планирам да ставам.

Вчера во Порше ми дадоа понуда од 16.500 преку нивниот лизинг за Голф бел основен 1.0 ТСИ со 110 коња.  Има доста опрема на него плус и паркинг сензори во цената. Ако одам преку нивниот лизинг ќе ми ги дадат и тие смешните бандавчиња, 4 звучници екстра позади, патосници гумени и уште 4 зимски гуми кои што претпоставувам ќе бидат некоја Ш марка.

Аурисот ми е екстремно грд и страшно тромав. Фокусот е скоро иста цена со голфот. Леонот ми го дадоа за 1.200 еур поевтино од голфот со иста опрема и плус темпомат ама со послаб мотор. Башка внатре леонот не ми остави wow впечаток. Маздата и цивикот се стварно убави ама многу претеруваат со цените а незнам како држат цена после за препродажба.

Значи да скратам, дали вреди голфот за таа цена (можда ке ми симнат уште 100-200 еур максимум), опција два да барам друго нешто во моментов или опција три да чекам декември или некоја добра акција кога ќе има за голфот бидејќи новиот доаѓа наредна година???

Фала ви



Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Нов хечбек
« Одговори #1 на: 14 Март 2018, 10:12:08 am »
По муабетов, ти веќе си решен за Голф, само бараш "одобрување" за твојот избор :)

Не знам како се со цени и со твои/ваши преференци, ама може вреди да се ѕирне што имаат Хјундаи и Киа на понуда.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Нов хечбек
« Одговори #2 на: 14 Март 2018, 10:13:02 am »
Како тоа Фокусот е иста цена со голфот? Мислам дека можеш да прашаш што има од Титанум опцијата или ST-Line Фокус ако има уште останато со Ecoboost.

Ако се водиш по ценовник, мислам дека нема логика зошто само лагер коли продаваат од Фокусот и има ралични цени. Треба да се оди да се направи муабет.

А секако Голфот ти е океј опција, со супер мотор, но нажалост бел, башка без темпомат во 2018та... Незнам баш.
Не гледај со послабиот 1.0тси опции, овој ти треба со 110-115кс. Не тој со 90-95кс.

Отсутен eko13

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 70
Одг: Нов хечбек
« Одговори #3 на: 14 Март 2018, 10:15:55 am »
Како тоа Фокусот е иста цена со голфот? Мислам дека можеш да прашаш што има од Титанум опцијата или ST-Line Фокус ако има уште останато со Ecoboost.

Ако се водиш по ценовник, мислам дека нема логика зошто само лагер коли продаваат од Фокусот и има ралични цени. Треба да се оди да се направи муабет.

А секако Голфот ти е океј опција, со супер мотор, но нажалост бел, башка без темпомат во 2018та... Незнам баш.
Не гледај со послабиот 1.0тси опции, овој ти треба со 110-115кс. Не тој со 90-95кс.

За таа цена го даваат 1.0 со 110 коња, за цена од 17.300 го даваат 1.4 со 125 коња...незнам дали вреди разликата....

Отсутен eko13

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 70
Одг: Нов хечбек
« Одговори #4 на: 14 Март 2018, 10:17:19 am »
По муабетов, ти веќе си решен за Голф, само бараш "одобрување" за твојот избор :)

Не знам како се со цени и со твои/ваши преференци, ама може вреди да се ѕирне што имаат Хјундаи и Киа на понуда.

Апсолутно сум заљубен во голфот...прашањето ми е дали е сега момент да се земе или да се чека некоја подобра понуда???

Хјундаи и30 почетна 14.500 со послаба опрема од голфот, Киа сидот не ме влече....

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: Нов хечбек
« Одговори #5 на: 14 Март 2018, 10:19:09 am »
Другар, купи си го голфот штом ти прави мерак. Ти ќе го возиш.

Само ако можеш да смогнеш сили со малце посилен мотор, иако и 1.0 со 116 кс ќе ти врши работа.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13919
Одг: Нов хечбек
« Одговори #6 на: 14 Март 2018, 10:19:22 am »
Поекономичен ти е 1.0 TSI, а и гледам доста добри review-а има 1.0 TSI.

Знам дека бараш хечбек, ама редно е и јас да те потсетам да провериш Октавија :) и тоа ти е хечбек (Петта врата ;D )

Сигурно ќе ги добиеш сите работи што ги бараш. Иста платформа со Голф/Сеат.

Држат цена релативно добро (ако тоа те сеќира).

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Нов хечбек
« Одговори #7 на: 14 Март 2018, 10:19:47 am »
По муабетов, ти веќе си решен за Голф, само бараш "одобрување" за твојот избор

Не знам како се со цени и со твои/ваши преференци, ама може вреди да се ѕирне што имаат Хјундаи и Киа на понуда.

Апсолутно сум заљубен во голфот...прашањето ми е дали е сега момент да се земе или да се чека некоја подобра понуда

Хјундаи и30 почетна 14.500 со послаба опрема од голфот, Киа сидот не ме влече....

Онда гледај да извадиш максимум што може од Порше (попуст, гратис некој, што знам...), и пакуј го Голфот. Џабе ќе си трошиш време со другите.

Што се однесува до чекањето, не знам... Знам дека ако јас ја имам можноста да купам тоа што сакам, не би можел да се додржам да чекам друга понуда
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Нов хечбек
« Одговори #8 на: 14 Март 2018, 10:22:01 am »
Не, особено што 1.4 тси е постар мотор. Вреди разликата кон новиот ТСИ исклучиво, не за 1.4!

1.0 110кс, и во некоја боја убава со бандажи алуминиумски и темпомат. Толку. Ништо повеќе.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6737
  • Бенве сие бенве
Одг: Нов хечбек
« Одговори #9 на: 14 Март 2018, 10:29:05 am »
Едвај чекам да видам колку век ќе имаат ови 1.0 турбо бензинциве. Во смарт 0.6 на 80к км ремонт појакиот 0.8 мислам беше максимум на 120к.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: Нов хечбек
« Одговори #10 на: 14 Март 2018, 10:32:04 am »
Едвај чекам да видам колку век ќе имаат ови 1.0 турбо бензинциве. Во смарт 0.6 на 80к км ремонт појакиот 0.8 мислам беше максимум на 120к.

200-250к км. На мобиле.де има баеги 1.0 со по 200+ илјади километри. 1.5/1.6 со над 250-300к километри. Најмногу по мое страдаат компонентите околу принудното полнење и системот за ладење. Другото нема да има гајле.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6737
  • Бенве сие бенве
Одг: Нов хечбек
« Одговори #11 на: 14 Март 2018, 10:33:41 am »
Напред оди светот мојот смарт сега би бил 15год стар, од тогаш многу работи се сменети, бар до 200000 да издржуваат добро е

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Нов хечбек
« Одговори #12 на: 14 Март 2018, 11:23:23 am »
Da proveris nesto francusko? Megan nekoj ili 308 so predobriot Puretech? Za 15-16 bi dobil mn podobra oprema otkolku kaj golf ... just sayin'
edit> sega citam deka si bil zaljuben vo Golfot, taka da pogorniov del od porakava ignoriraj ja i zemaj golf :) neka se ugode
« Последно менување: 14 Март 2018, 11:46:57 am Inter1 »

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3774
Одг: Нов хечбек
« Одговори #13 на: 14 Март 2018, 12:03:29 pm »
Се зема и Astra со второ или трето ниво на опрема со 1.4 турбо и 125кс за тие пари. 
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Нов хечбек
« Одговори #14 на: 14 Март 2018, 12:12:54 pm »
Со тој буџет јас би баталил голф зошто ќе е сиромашен со опрема. Барем да има плус темпомат во таа цена можеби е добра понуда. 1.0 тси е одличен и малце полош во перформанси од 1.4 125 кој што е исто така прилично нов мотор (2015-2016 еуро6). Види опел астра ако може 1.4 турбо да дадат или корејциве нешто. Хондата и Маздата исто скапи како голф. Види пежо 308 со 1.2 турбо (одличен мотор) што понуда даваат и форд фокус.

http://ford.mk/%D0%9C%D0%BE%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B0%D0%BB%D0%BD%D0%B8_%D0%90%D0%BA%D1%86%D0%B8%D0%B8/Focus_%D0%A1%D0%BE_%D0%A2%D0%BE%D0%BF_%D0%9E%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B0