Здраво друштво,
во потрага сум по фамилијарен хечбек (седан не ми одговара пошто жената ми има проблем со возење поголемки коли).
Буџет докај 15-16.000 максимум.
Годишно не возам повеќе од 6-8.000 км така да дизел воопшто не ми треба нити па плин планирам да ставам.
Вчера во Порше ми дадоа понуда од 16.500 преку нивниот лизинг за Голф бел основен 1.0 ТСИ со 110 коња. Има доста опрема на него плус и паркинг сензори во цената. Ако одам преку нивниот лизинг ќе ми ги дадат и тие смешните бандавчиња, 4 звучници екстра позади, патосници гумени и уште 4 зимски гуми кои што претпоставувам ќе бидат некоја Ш марка.
Аурисот ми е екстремно грд и страшно тромав. Фокусот е скоро иста цена со голфот. Леонот ми го дадоа за 1.200 еур поевтино од голфот со иста опрема и плус темпомат ама со послаб мотор. Башка внатре леонот не ми остави wow впечаток. Маздата и цивикот се стварно убави ама многу претеруваат со цените а незнам како држат цена после за препродажба.
Значи да скратам, дали вреди голфот за таа цена (можда ке ми симнат уште 100-200 еур максимум), опција два да барам друго нешто во моментов или опција три да чекам декември или некоја добра акција кога ќе има за голфот бидејќи новиот доаѓа наредна година???
Фала ви