Автор Тема: Rent-a-test: Ford Kuga 1.5 EcoBoost 150hp ST-Line  (Прочитано 6920 пати)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10960
  • 430i
Rent-a-test: Ford Kuga 1.5 EcoBoost 150hp ST-Line
« на: 13 Март 2018, 14:13:21 pm »
Минатата недела бев во посета на Дојчланд и за потребите ми требаше возило. Патував сам и ми беше сеедно што ќе земам, ми требаше само да ме однесе од аеродромот во Дортмунд до локација, нешто локал и назад. Вкупно 2 дена на користење. Затоа и букирав економи клас, најефтиното што се нуди, Поло ор симилар. Најповолната понуда овојпат ја имаше Авис, па таму и букирав.

На мое изненадување и задоволство, во моментот немаа да ми понудат поефтина варијанта од Форд Куга, ми се извинија, а јас им се заблагодарив и си се окезив. Очекував шпорет едишн со раткапни, нооо, на -2 ниво, паркинг место 236 ме чекаше „лепотанов“. Во наводници, бидејќи изгледа мноооогу ружно во мои очи, од секој агол, но беше во многу убава боја, ST-Line опрема, што ќе рече накркано до кров.





Влагам внатре, се сместувам. Внатрешноста многу пријатна, убава за поминување на денот во транспорт. Ја наоѓам мојата возачка позиција. Колку и да местам, навалувам, спуштам, ја гледам хаубата напред. Се седи високо. Не треба гимнастика ни за влагање ни за излагање, отвараш врата и само го сместуваш газот на седиште или отвараш, пружаш нога и си надвор. Нешто што на @velestrumf и те како му се погоди. Седиштата спортски профилирани, со одлична странична потпора и доволно меки за да не замара возењето.









Убави пластики, додатоци од кожа, се е убаво на допир, само на воланот некако пресунгерасто ми делуваше кожата, не дека беше лоша. Степенот на изработка/обработка на материјалите во внатрешноста беше на високо ниво. Сони озвучување (тапа германски радио станици), навигација, систем за само паркирање, камера, темпомат...сасо манге.

Ми се допадна инфо приказот позади воланот. Цело време се достапни 4 најбитни (можеби за некого и не најбитни) ставки, изминати километри од ресетирање, просечна потрошувачка од ресетирање, моментална потрошувачка и уште колку рејнџ има со останатото гориво во резервоар. Можеби има можност и да се променат, ама не истражував до толку. На десната страна излегуваат информации за возилото доколку не е вклучена навигацијата, односно следна рута од навигацијата. Мааалку впечатокот миго квареа стрелките и позадината на аналогните инструменти, кои како да биле таксани од најповолната понуда од алибаба.

ОК, ред е да возам. Колава беше нова. Ама нова нова. Јас ја земав со 377 км поминати. Не знам дали е враќана километража и баба дали ја возела претодно, ама мирисаше на ново (ама убаво ново, не на кинеска влечка).

Палам без клуч, на дугме. Клучот во џеб. Јоцо ат итс бест. Го чекам стандардното пред загревање на над 1.000 вртежи за турбо бензинец и тргам. Возам 1.5 EcoBoost од 150кс. Вртам низ гаражата, излагам. Немам чувство дека возам голема кола, освен што се гледам малку повисоко. Многу лесно за возење. Ептен. Прво со што дојдов во допир од механика беше менувачот. Мануел, 6 степена. Мислам дека е најдобриот рачен менувач што некогаш сум го задрапал во 20 годишно возачко искуство. Дека ова џип, па и менувачот беше поставен повисоко, комбесто. Ама како си лизга, како си менува, краток од... мисли чита. Браво. БРА-ВО. Од друга страна, куплунгот ми беше малку чуден. Мек, фин, ама не знам точно кога ќе фати/пушти. Некоја бафер зона имаше, која ваљда треба малку искуство за да се испушти.

Чекам да загрее моторчето пред да почнам „да го возам“. Ако е рент-а-кар, возачкото во мене вели со колата да се однесувам како да е моја. Времето никакво, лие, тура, бришачи на ауто, не се замарам. На излез на аутобан веќе ја закачив и првата гужва, што би рекле колегите од дијаспората „фана го штауто“. Додека седев во место, колава загреа веќе, па викам чек да видиме што може количево. Уште врне, па мора да возам екстра претпазливо пошто и многу гужва има. Тргам, втора, гаааас, ааајде бе, трета, гааас, абе аајдеее. Е мајката. Гледам на брзиномер сум забрзал до кај 90, а не осеќам. Нема драма, нема лепање на седиште. Пробав уште два/три пати. Исто. Возам четврта 80, гас.....гас, ааајде идемее, аајде бее. Забрзува, ама ... Ај мала угорница беше. Веќе држам темпо 120, ми се отвара простор пред мене. Возам 6-та. Гас до даска. Требаше време да помине за да дигнам 160. ОК, ајде терам до дестинација. Отварам документите, читам, 1.579 кг маса на празно возило. И уште 0,1 тон дополнителен терет. Не е овој мотор за оваа кола. Да, е, ако не ти значи ништо меѓузабрзување, чат-пат газење. Ова само троши, а не иде. Поразумен избор би било 2.0 TDCi (ама швабо веќе нејќе дизел), па веројатно некој посилна варијанта на EcoBoost би бил подобар избор. Не ја исклучувам можноста возилото да беше софтверски ораничено заради безбедност (дека ново).

Да се разбереме уште тука. Не дека колата нема сила, не дека не влече. Ама едноставно во овој пакет и самата тежина, едноставно е разумен компромис. Не можам сега јас да ви објаснувам што е разумен компромис, разумен компромис си е разумен компромис. Уставри ај, кога знаеш дека дизел се потешко ќе продадеш и ќе го тутнеш бензинчево кое нема да биде тркач, а ќе има прифатлива потрошувачка и ќе задоволува еко норми.

На враќање беше убаво, суво и сончево. Гледав да ја газам што повеќе и успеав некако да кренам 180 км/ч.

Еве ја ситуацијата при 120 км/ч



Колава возеше ол сизонки Фалкен во димензија 235/50-18. Многу удобна гума, мека, тивка.



Целокупниот комфор на возилото беше одличен и за поздравување. До брзина од 120-130км/ч не се слуша ни мотор, ни гуми ни ветар. Понатаму станува далеку понекомфорно. Прво почнуват гумите да бучат. После почнува ветерот интензивно да се слуша. Веќе на 150км/ч нема комфор. До толку нема, да пречи. Ама буквално се осеќав ко Ејс Вентура во џипот. БУК-ВАЛ-НО!.



На автопат, континуирано си бара корекција на волан. Секое престигнување или разминување, резултира со занишување. Осетливо на бочен ветар. Би сакал малку повеќе да се опуштам кога возам вакво возило, а не цело време да го корегирам правецот.

Потрошувачка. За волкаво возило и начин на кое што беше возено, искрено очекував повеќе. Бордот го ресетирав после некој километар откако тргнав, онаму каде што имаше застој, зошто мислев дека е веќе ресетиран. Првата рута на борд покажа:



На враќање:



Просечната брзина ја кутна мал застој пред исклучување за аеродром, точење гориво и паркирањето во гаражата. Инаку цело време се возеше темпо 140-150.
Погоре на сликите се гледа и моменталната потрошувачка при 120км/ч, варираше помеѓу 6,5-7,5

За целото користење на колава, сосе локал излетите, бордот вели:



Односно, математика вели, 9,3 просек:



Закључак. Колава не е за мене. Не е ни за Јоцо. Он сака повеќе чатал да мава. Можда е за фамилија со деца, па актуелно било СУВ, па ај ќе земеме ST-Line за да се осеќќаме како да возиме спортска кола, а знеме дека не возиме и дека ќе не репнат давачки и осигурање ако земеме дизел, па можда и куче имаме, па нека се пентари позади. Или може некој постар по возраст, па да не ја кичми бабата влези/излези додека ја носи на зимовање на Алпите. Возилото како пакет е одлично. Комфорно додека се вози нормално, фино е да се биде внатре, економично во поглед на габаритите и тежината. Јас би одел на возилцето позади, на колегата @Luki Junior кој смогна сили да дојде да се видиме :).



* сите мислења се субјективни и искажани врз основ на мое лично искуство и доживување.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Rent-a-test: Ford Kuga 1.5 EcoBoost 150hp ST-Line
« Одговори #1 на: 13 Март 2018, 14:24:07 pm »
Убаво стокмено Кугиче.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3473
Одг: Rent-a-test: Ford Kuga 1.5 EcoBoost 150hp ST-Line
« Одговори #2 на: 13 Март 2018, 14:26:33 pm »
Браво за постов, јас би играл исто како Луки, само боја и опрема од Кугава.
Јас ја возев со 2.0TDCI PS изведба и тегнеше убаво, ама не ми остави впечаток на поголеми брзини, го има она неудобно константно љуљање. На крај кога ќе сумирам па и името и е чума, не оди некако :P

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Rent-a-test: Ford Kuga 1.5 EcoBoost 150hp ST-Line
« Одговори #3 на: 13 Март 2018, 14:33:40 pm »
@zeroSignal по колку им плаќаш на @marjanot и @zlatkoa за content writing ? :D

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6737
  • Бенве сие бенве
Одг: Rent-a-test: Ford Kuga 1.5 EcoBoost 150hp ST-Line
« Одговори #4 на: 13 Март 2018, 14:39:46 pm »
Антенњ нидерзаксен ако го фаќа има добра музика. Ја уште не можам да поверувам дека бензинциве почнаа да трошат толку малку. Кажи ама искрено, ја сменивте ли со луки турбината да му биде нова :)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Rent-a-test: Ford Kuga 1.5 EcoBoost 150hp ST-Line
« Одговори #5 на: 13 Март 2018, 14:42:11 pm »
Гифот од вентура прајслес. Се пукнав од смеење!

Иначе џипче ко џипче, вистината излегува на виделина при поголеми брзини :) a од позади стварно е многу грдо.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Rent-a-test: Ford Kuga 1.5 EcoBoost 150hp ST-Line
« Одговори #6 на: 13 Март 2018, 15:02:47 pm »
Пошо сеуште зима, мене ме зачуди и Кугава што запали, и Луки што успеа Фокусот да го помести до кај нас и назад... Не знам, изглеа нешто се десило со коливе.

Како и да е, се согласувам за моментот дека е значително олеснето влагањето и излагањето поради висината на колата, особено за постари особи, или за некои луѓе со повреда која ги оневозможува лесно да се движат.

„Турни ме да кинисам“ беше ептен очигледно. Opel Grandland X, 200 кила полесен, еден цилиндар и 20ина коња помалку, се осеќаше многу, МНОГУ поживо и поинтересно. Башка што без проблем и многу килавење си дигна 180.

Можам да претпоставам дека овој мотор во Фокусот на Луки, сосема поинаку функционира и се доживува.

П.С. Што е ружни4ка, ружни4ка си е...
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14287
  • Пудингот на шоферството
Одг: Rent-a-test: Ford Kuga 1.5 EcoBoost 150hp ST-Line
« Одговори #7 на: 13 Март 2018, 16:04:08 pm »
Антенњ нидерзаксен ако го фаќа има добра музика. Ја уште не можам да поверувам дека бензинциве почнаа да трошат толку малку. Кажи ама искрено, ја сменивте ли со луки турбината да му биде нова :)
Па не би дошло дека трошат нешто многу помалку.Кај мене Аудито 10л извади до Германија.Прастар мотор,тешина скоро исто ако не и повеќе,километри којзнае колку,плин,една брзина помалку...
Во помало возило би бил поекономичен,ама во ова...
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13919
Одг: Rent-a-test: Ford Kuga 1.5 EcoBoost 150hp ST-Line
« Одговори #8 на: 13 Март 2018, 17:12:08 pm »
Висока потрошувачка да бидам искрен, очекував 1-2 литра помалку минимум во потрошувачката.

Не може на вакви возила со ваков downsizing а да не удри на потрошувачка. Колку сака нека се трудат.

Overall , мене ми е ОК. Не е лепота, ама не е нешто ептен грда.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: Rent-a-test: Ford Kuga 1.5 EcoBoost 150hp ST-Line
« Одговори #9 на: 13 Март 2018, 17:40:46 pm »
Два литра помалку троши мојот фокус со истиот мотор, 300кг помалку, и 30ина сантиметри понизок. Ова си е жедно, без разлика дали е дизел или бензин.

На изглед ми е ОК од секаде, ама не би го купил. Возните способности и карактериски му се потпросечни за мој вкус.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Rent-a-test: Ford Kuga 1.5 EcoBoost 150hp ST-Line
« Одговори #10 на: 13 Март 2018, 17:43:39 pm »
Ford Shuga :-D  sepak fokus e podobar izbor. Ova e poskapo, poveke trosi... Not for me.
Ps inaku dobar rent a test :-)

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6737
  • Бенве сие бенве
Одг: Rent-a-test: Ford Kuga 1.5 EcoBoost 150hp ST-Line
« Одговори #11 на: 13 Март 2018, 18:17:53 pm »
Ќе ме терате да ја тестирам Ц класата, никој нема да го земе тестот здраво за готово кога ќе пишам дека пасатот делува поквалитетно изработен од неа :)

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5854
Одг: Rent-a-test: Ford Kuga 1.5 EcoBoost 150hp ST-Line
« Одговори #12 на: 13 Март 2018, 18:19:08 pm »
Нормално,Фолцфаген е 😊

Sent from my E5603 using Tapatalk


Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Rent-a-test: Ford Kuga 1.5 EcoBoost 150hp ST-Line
« Одговори #13 на: 13 Март 2018, 18:49:53 pm »
Falc vagen :-D vs Merc C. Sekogas Merc ;-) prasaj nekoja sponzorusa ke ti kaze sto e podobro :-D

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6737
  • Бенве сие бенве
Одг: Rent-a-test: Ford Kuga 1.5 EcoBoost 150hp ST-Line
« Одговори #14 на: 13 Март 2018, 18:52:35 pm »
Да не ја трујам темава на имењакот, ќе дојдам на некој собир со него, @Спенсер ќе дојде со пасатот и ќе затвараме врати, ќе видиме на багажникот изолација колку има што кога ќе го затвориш тропа ко конзерва, вратите лесни ко да е поло, а не мерцедес ц класа последен модел итн итн.

едит: да не сум многу офтопик. за 3 год која би била цената на кугава, првата сум ја возел, не ми остави впечаток на квалитетно изработена на 40 000км реални од прв газда