Автор Тема: Ford Focus 1.5 Ecoboost  (Прочитано 33424 пати)

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: Ford Focus 1.5 Ecoboost
« Одговори #105 на: 23 Март 2019, 14:57:07 pm »

@Ipkisija Meskosa


Еве неколку слики на паркингот на Алди супермаркетот од кадешто ми се купени влечките.  ;D



Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Ford Focus 1.5 Ecoboost
« Одговори #106 на: 24 Март 2019, 16:33:54 pm »
Добар е!

Отсутен pirat_07

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8124
  • Rural fuckin society - we live in!!!
Одг: Ford Focus 1.5 Ecoboost
« Одговори #107 на: 24 Март 2019, 20:15:32 pm »
Кога ќе ми го увезиш?  :D

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: Ford Focus 1.5 Ecoboost
« Одговори #108 на: 24 Март 2019, 20:26:57 pm »
Кога ќе ми го увезиш?  :D

Кога сакаш. Ако не е БМВ, воопшто не сум емоционално сврзан за моите коли.  ;D ;D
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: Ford Focus 1.5 Ecoboost
« Одговори #109 на: 09 Ноември 2019, 12:05:15 pm »
Ставени зимските гуми. Со летните поминато околу 13.500 километри. Изротирани по пропис. Предните имаат околу 5-6мм отидоа назад. Задните се околу 6-7мм отидоа напред. Стегнати по 135Нм по пропис.


Процесот на менувањеЧ



Краен резултат:





Инаку за тие што сакаат да возат гуми за четири сезони. Еве го резултатот што се возени едно лето кај мене.








Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2672
Одг: Ford Focus 1.5 Ecoboost
« Одговори #110 на: 09 Ноември 2019, 13:13:43 pm »
Poucen post.
Prvo gi vidov slikite vikam sto ovaka kako spaleni gumite.
Posle procitav...

Nego, kako se pokaza motorot kaj tebe.
Za 1.0  e najdobar vo klasa, za ovoj 1.5 nesto nema informaci.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: Ford Focus 1.5 Ecoboost
« Одговори #111 на: 09 Ноември 2019, 14:26:53 pm »
Гумите се GoodYear Vector 4S, Generation 2 XL....

Значи четирисезонски. Не се возени агресивно (со забрзување/кочење), туку се возени нормално, со динамично влегување низ кривини. Лани околу 7000км поминав со нив во Август/Септември по нашите краеви и резултатот е таков каков што е.... Предните гуми имаат околу 5-6мм. не се уништени, оштетени или истрошени, ама на некои места им фалат такви парченца затоа што тоа не е летна гума и не треба да биде возена како летна гума.

Мотор како мотор. Повеќе троши од 1.4ТСИ на Фолксваген, има повеќе торк достапен во поголем опсег на вртежи, во трета/четврта е страшен на забрзување и се осеќа многу многу посилен отколку што уствари е... Од 0-100 има лошо забрзување ради смотан сооднос на брзини и електронско ограничување на вртежен момент во прва и втора брзина.

Многу е тивок, не троши масло, има одличен одзив на педала на гас и е добар за крузање со темпо 120-150... Подинамично од тоа, особено после 160-170 се осеќа дека му фали сила. Фабрички маани, нема... Инаку е поекономичен во реалноста од новиот три-цилиндраш 1.5 Екобууст во новиот Фокус.


Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: Ford Focus 1.5 Ecoboost
« Одговори #112 на: 18 Февруари 2020, 07:58:01 am »
Две години откако е во мене (добро, до 28ми Февруари ќе прави две години). Вчера поминат вториот технички преглед откако е мој, па успат му направија и сервис и си го платив осигурувањето за наредната година. За (безмалку) две години поминато околу 37к километри. Циганчето е спремно за служба во овој посебен период во кој за еден-два месеци ќе му натепам минимум 10к километри.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4758
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Ford Focus 1.5 Ecoboost
« Одговори #113 на: 21 Февруари 2020, 13:46:17 pm »
Две години откако е во мене.
Од тука ли потекнува онаа зимската: Да и го опра в прдалник, да и киснит ка морков в суроа туршија? ::)
Ви посакувам уште многу топли и безбедни години дружење!


Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: Ford Focus 1.5 Ecoboost
« Одговори #114 на: 21 Април 2020, 13:20:17 pm »
Заборавив да пишам дека пред три недели му ги ставив летните опинци. Со зимните поминав околу 10к километри.

Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: Ford Focus 1.5 Ecoboost
« Одговори #115 на: 31 Декември 2020, 12:08:10 pm »
Да ја заокружиме годината.


Од оваа годишна километража дизел можеби би била подобра/поевтина опција.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Ford Focus 1.5 Ecoboost
« Одговори #116 на: 31 Декември 2020, 12:36:08 pm »
Можеби, но ќе го немаш раатот од бензинецот :)

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: Ford Focus 1.5 Ecoboost
« Одговори #117 на: 31 Декември 2020, 12:41:36 pm »
Можеби, но ќе го немаш раатот од бензинецот :)

Така зборувам од чиста перспектива на пари. Инаку, особено сега не би возел дизел. Единствено ќе мора да е со многу многу кс (над 250) за да му опростам да е дизел и да го возам. Ама тоа се цени за директори, не за обични работници.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6841
  • French diamond
Одг: Ford Focus 1.5 Ecoboost
« Одговори #118 на: 31 Декември 2020, 13:00:58 pm »
Еден доказ дека не секое германско возило врти по 50К годишно  ;D

Се разбира дека и короната има вмешано прсти тука.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: Ford Focus 1.5 Ecoboost
« Одговори #119 на: 05 Февруари 2021, 15:55:51 pm »
Направен редовен сервис на 105.000км. Од претходниот сервис поминати околу 22к километри.

Сменето:
Масло + Филтер
Филтер за воздух
Филтер со активен јаглен за клима
Глицерин
Свеќици
Наштелувани/Нивелирани фарови

Цена за целата работа: 400 евра.

Да дојде март да му ги ставам летните опинци и е спреман за шетање и динамично возење.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.