Двајцата живееме во Германија во која 1 година се е затворено, никаква забава и разонода нема и животот е сведен на дома и на работа.
За пред и по ковид незнам, ама моменталната состојба е таа, денес се враќам од Мк за Гер и знам кај има живот
Не го земај за навреда, затоа што тоа не ми е ни намерата, ама точно со вакво тврдење само ми ја помагаш мојата поента од претходниот пост дека јас и ти живееме во различна Германија.
Ако ја тргнеме пандемијата настрана (пред пандемијата, или после неа), да кажеш дека тука нема никаква забава и разонода за мене е знак дека ниту си интегриран во тоа општество, ниту пак имаш намера да се интегрираш во тоа општество. Седенки, забави, ресторани, фестивали со локање, народна музика, саеми, собиранки ги има во секој град и село кадешто се лока и лапа на големо и не се знае ни кој јаде ни кој пие ни кој плаќа. Јас сеуште не можам да разберам зошто некој би си мислел дека 80 милиони народ не знае да се забавува, да лока и да ждере како говедо.
Забава и разонода како на Македонија/Балканот ја има во многу ограничена количина и е тешко-достапна, затоа што едноставно е малку поразлична култура и народ.
Според местата на кои сум бил и прошетал низ Европа, забава и разонода слична на нашата култура и менталитет има во Чешка, Италија, Шпанија и во јужна Франција. Ако тие работи ти недостигаат на тебе, подобро би било за твоето ментално здравје и чувство на исполнетост да се преориентираш кон овие држави.
Конкретно во оваа ситуација со пандемијата во Германија има многу повеќе простор за психичко опоравување од целата пиздарија отколку во Македонија. Особено со целата рекреативна инфарструктура за природа, планинарење, прошетки, итн. Понатаму, ако мислиш дека во Македонија има живот, зошто побогу се враќаш назад на место кадешто си несреќен и немаш живот. Краток е животот да си трошиш на место/работа кадешто си несреќен (колку и да звучи банално и излитено).
Па незнам што си правел во Македонија ама и тука не е нешто прекрасна ситуацијава со справување со вирусов и границите. Нашиве граници се отворени зошто сме сиромашни за поголеми ограничувања, ама па никој од Европа не не прима да влеземе таму така да иста работа е. Дали е вратата заклучена однадвор или одвнатре не менува многу.
Ако не се отворени границите и не ги примаме со отворени раце дојденците/исселениците/странците во Македонија, ќе требаше да го девалвираме денарот.