Јас па ептен му се навикнав и сега пред зграда нон стоп така си паркирам (кога има возможност). Кај мене е блага удолница на рикверц кога враќам и само со стиснат куплунг и со кочница си се враќам со помош на гравитација назад. Ептен мераклиски.
Друга работа што е многу добро направена е што кога тргнувам од место нема шанси за омалакса или изгасне. Најверојатно сам си дава гас, пошто кога допрам педала јас да му дадам (за да не омалакса) обртомерот рипа на 1500-2000 вртежи. Тоа ми ја дупело и работата со навикнувањето на куплунгот. Сега иде мазно без разлика дали тргнувам празен/товарен/рамно/удолница. Многу добро измислено во комбинација со старт-стоп системот.
Пс. Невестата ми е страшно ипресионирана од самопаркирањето, сега уште да се престраши и да почне да го вози.
ппс. Синоќа го изледав Dirty Money за ФауВе дизелгејт и ми стана интересно што не потпаднав под темните мисли да си купам дизел возило.