Гумите се GoodYear Vector 4S, Generation 2 XL....
Значи четирисезонски. Не се возени агресивно (со забрзување/кочење), туку се возени нормално, со динамично влегување низ кривини. Лани околу 7000км поминав со нив во Август/Септември по нашите краеви и резултатот е таков каков што е.... Предните гуми имаат околу 5-6мм. не се уништени, оштетени или истрошени, ама на некои места им фалат такви парченца затоа што тоа не е летна гума и не треба да биде возена како летна гума.
Мотор како мотор. Повеќе троши од 1.4ТСИ на Фолксваген, има повеќе торк достапен во поголем опсег на вртежи, во трета/четврта е страшен на забрзување и се осеќа многу многу посилен отколку што уствари е... Од 0-100 има лошо забрзување ради смотан сооднос на брзини и електронско ограничување на вртежен момент во прва и втора брзина.
Многу е тивок, не троши масло, има одличен одзив на педала на гас и е добар за крузање со темпо 120-150... Подинамично од тоа, особено после 160-170 се осеќа дека му фали сила. Фабрички маани, нема... Инаку е поекономичен во реалноста од новиот три-цилиндраш 1.5 Екобууст во новиот Фокус.