Да не ве цитирам сите, под ред фала ви, многу поубава, понова, посилна и помераклиска да си купите.
И морам да прокоментирам за влечките (папучите за тие што не разбираат). Како сум ги чекал во Алди, оти имам големи нозе (46.5/47)... Неколку години воопшто не можев да начекам, и еднаш ги видов и одма купување. И нормално стандард си носам бела чАрапа. Сељак си бев, светот го прошетав, сељак си останав.
Фарови со лупа, и/или ксенон многу тешко. Ќе мора да инсталирам автоматска нивелација (сензори за висина во подвозјето), систем за чистење на фаровите (нов браник, прскалки, друга пумпа за течност), нови фарови (со лупи), инсталација, и на крај нов вонреден технички преглед. Со други зборови ѓаолипол. Најмногу што можам да направам е да си купам филипс екстримвижн на средни и долги. Друго не чепкам.
Бандаж здравје понатаму кога ќе му дојде ред, ама не би бил поголем од 17ка и другиот што би го купил. Едноставно немам желба само за гуми да дадам 1000 евра.
пс. Многу сакав голф да си купам, ама со такво ниво на опрема и 1.4тси 150кс цените беа со 2000 евра повисоки. 120и со М-пакет дури после фејслифт и поскапи и од голф беа. Гледав некакви комбинации со лизинг/пушинг, ама не сакав финансиска обврска пошто за некои си шест месеци најверојатно ќе менувам работа па такви гимнастики ми се излишни.