Значи пак имаш многу побрзо работна температура од мене. 11км наспроти 17 кај мене.
Јас кога ќе тргнам од драчево до цементара големи се шансите да не застанам на ниеден семафор претежно се зелени за натака, ако застанам на сите отиде возот дур стојам ќе паѓа помалку на секој семафор и кузнае кога ќе имам 90. Дури и вчера кога ја шалтав на 2.5 за проба крена за 13км.
На семафори со тргни застани побрзо ќе крене работна, фактички од Тутунски до кај општината не ме фати ниеден семафор.
Сепак, пошто си приметил дека кај тебе паѓа од 90 на 65, очигледно имаш проблем.
Единајсе?! Многу, бе?
Ај ќе мерам утре и јас.
На памет, мислам дека е нешто како 7-8.
Се спуштам до школо, се враќам назад и веќе на пола угорница е 90-ка.
Прво, дизел и бензин не е исто.
Второ, угорница во 2ра со 30/40км/ч и рамно во 4та со 60/70 км/ч не е исто. Има голема разлика во вртежи и оптеретување, а богами и со потрошувачка.
И уште еднаш, прво утринско возење не е исто со второ или трето возење. Некни вечерта достигна по околу 6 км, но ем беше возена беше преку ден, ем застанував на повеќе семафори.
Така да, многу или малку е релативна работа.