Автор Тема: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016  (Прочитано 60604 пати)

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8964
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #180 на: 19 Октомври 2020, 13:22:38 pm »
Ne be, ne se ovie za Hyundai i30

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #181 на: 19 Октомври 2020, 14:05:06 pm »
Ти преостанува да си набавиш алу. бандажи. Да заличи троа колава.
Одбери си.

http://reklama5.mk/AdDetails?ad=3718567
http://reklama5.mk/AdDetails?ad=3719233
Попрво ќе ставам од Алфа ;D

Шала на страна, кога ја купив имав во план челичните да одат со зимски гуми а за летните да си купам алуминиумски 16ки.
Не успеав да најдам адекватни и што ќе ми се допаѓаат. Всушност најдов едни но немаа жлеб каде би легнал сензорот.
Баталив, си купив челични од Мазда за зимските.
Евентуално повторно ќе се позанимавам кога ќе дојде ред за нови летни гуми, ако ја задржам дотогаш.
Пролетва ми се уврте во глава да ја сменам за Фокус ама удри коронава...

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #182 на: 19 Октомври 2020, 14:07:00 pm »
Топ изгледа и вака со челични. Кукла

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #183 на: 19 Октомври 2020, 14:16:00 pm »
Не турај алу, ќе не утепаш со потрошњата дури тогаш. :D
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #184 на: 19 Октомври 2020, 14:33:36 pm »
Ако се решиш за алу фелни, пиши ми. ;)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #185 на: 19 Октомври 2020, 16:50:10 pm »
Ако се решиш за алу фелни, пиши ми. ;)
Оние од Мазда со капаче од Хјундаи?
Имаат ли лежиште за сензорот?

Едит
Најдов податоци, немаат лежиште :'(
« Последно менување: 19 Октомври 2020, 17:38:14 pm Mikius »

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #186 на: 15 Март 2021, 12:52:05 pm »
По 2 години ги сменив метлиците, не правеа бука но веќе не бришеа по мој вкус.

Ме копкаше да ги пробам Мишелинките пошто изгледаа слично на фабричките но во последен момент се предомислив и си купив повторно Праксис аир10.

Кој ќе ги мисли Мишелинките дали ќе ги најдам на кола :)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #187 на: 15 Март 2021, 13:45:36 pm »
Хех, коинциденција, и јас денес менував на Сузукито.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #188 на: 15 Март 2021, 17:17:34 pm »
По 2 години ги сменив метлиците, не правеа бука но веќе не бришеа по мој вкус.

Ме копкаше да ги пробам Мишелинките пошто изгледаа слично на фабричките но во последен момент се предомислив и си купив повторно Праксис аир10.

Кој ќе ги мисли Мишелинките дали ќе ги најдам на кола :)
Јас така еднаш купив некои квалитетни и скапи брисачи за пунтото(мислам 1200 го платив еден) и само што ги монтирав отидов до порта влае и почна да роси. Кога влегов во кола за да се вратам дома, ги немаше двата. Тоа беше прв пат а и последен пат барем до сеа да ми украдат брисачи. Немаше да ми биде толку криво барем да ги пробав како бришат на дожд. И затоа сеа само праксис.

Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #189 на: 15 Март 2021, 17:39:46 pm »
Епа апдејт, кога ги купив немав време да ги монтирам и прееска ги ставив и приметив на големата метлица му измислиле нов механизам за заклучување, малата беше по старо.
На дождот големата бришеше поусрано и од старата, го смениле и материјалот од гумата, малата метлица перфект.

Се вратив во Хубо и ги сменив за Лукас да ги пробам, Мишелинот ги разгледав поубаво и не ми се допаѓаше приклучокот кој беше прилично масивен/висок.

Лукасот големата метлица на дното од шофершајбната размачкува, малата остава по средина голема флека вода. Не сум задоволен.

Ќе пробам да ја пресадам гумата од Лукасот на метлиците од Праксисот или на фабричкит, ако пасува.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #190 на: 15 Март 2021, 17:56:54 pm »
А да пробаш да ја обезмастиш шофершајбната со алкохол прво, убаво?

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #191 на: 15 Март 2021, 19:16:58 pm »
Или купи си Бош АероТвин  :-X

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #192 на: 15 Март 2021, 19:30:13 pm »
Не е до тоа, до метлиците (телото што ја носи гумата) и до гумата е.

"Старите" Праксис како нови одлично бришеа од почеток.

Новите што ги купив, малата бришеше одлично, големата беше полоша и од старата.
Пишав веќе дека големата метлица е најверојатно од понова генерација, механизмот за заклучување беше поинаков, на паковката пишуваше аир10+, додека на малата механизмот беше како претходно и на паковката пишува само аир10.

Ја префрлив гумата од новата метлица на постарата Праксис метлица, идентично бришеше како и кога беше на новата метлица, и како што реков, старата метлица со старата гума поубаво бришеше од новата што доведува до заклучок дека составот на гумата е сменет.

Лукасот очигледно метлицата не лежи убаво на шофершајбната, таму каде има добар контакт гумата убаво брише.

Поминував низ истите срања и со Меганот, особено со проклетите банани метлици.

Ги ставив и фабричките метлици одлично бришат, не сакам да ги користам пошто пред 2 години во Ситимол еден арамија ја закина гумата од едната метлица и ми е страв да не ја поебам шофершајбната.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3478
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #193 на: 15 Март 2021, 19:35:09 pm »
Не вредат толку пари за Бош Аеротвин, ги платив 2к, ништо подобри од Праксис, кои ме чинат 370ден 2 од Макпетрол со поени. Секако сите траат макс 1 година.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #194 на: 15 Март 2021, 21:02:09 pm »
Десните метлици се на Праксис, левите се Лукас.

Кај малите, Лукасовата има поголем лак и најверојатно затоа не налегнува убаво и точно по средината не бришеше воопшто.

Кај големите па обратно, таа на Лукас има нешто помал лак, но кога ќе ја потиснам на средината на рамна површина краевите како да немаат цврст контакт па најверојатно затоа размачкуваат.

Значи обликот на Праксис е добар за обликот на мојата шофершајбна за да не остава шлакатарници, гумата 2 години бришеше убаво за разлика од една од метлиците што ги купив денес.

Обликот на метлиците Лукас не одговара.

Полани пред да ги купам Праксис имав купено Вурт, не оставаа флеки но беа бучни при менување правец.



Sent from my Redmi Note 7 using Tapatalk