Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
Мислиш на тоа што малку згужвана таблицата па да не е удрено напред?Sent from my MI 4S using Tapatalk
Таблицата е само малку набиена. Веројатно некој со кука ја закачил. Да е жртва на судар таа ќе биде згужвана ко бакшиш.Иначе не мора веднаш да значи дека колата е удрена. Мене предната таблица ми се откачи во вошфабрик пералната. Се враќам дома гледам ми ја нема таблицата. Се враќам назад кај нив, ја извадија од под механизмот што ја турка колата (извадија уште 3-4 таблици загубени ). Таблицата е цела изџвакана ама се помачив да ја исправам и средам. Се познава дека е оштетена ама ако си ја возам таква, пошто не можам да ги поднесам новиве таблици. Така да таблицата ми е сол а колата не е пипната, а камо ли удрена