Автор Тема: Izolacija za pod laminat  (Прочитано 14398 пати)

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 859
Одг: Izolacija za pod laminat
« Одговори #45 на: 03 Февруари 2020, 19:50:12 pm »
За у викендица се мислам дали ламинат или плочки да наредам. Плочки е полесно за оддржавање, ама не ми иде некако цела дневна да биде како болница.

Мислам дека цената за местење на плочки ќе биде сериозно повисока од редење на ламинат. Ако се помирам со трошокот е тогаш би земал најдобар ламинат  или дрвен под :)
Plockite se dobar izbor samo ako stavas podno greenje. I plockite i laminatot davaat neprijatno ladno cuvstvo duri i vo leto. Najdobar komfor dava brodski pod ili parket, za cenata ne bi gi sporeduval, toa mozes i sam esap da napravis

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7071
Одг: Izolacija za pod laminat
« Одговори #46 на: 03 Февруари 2020, 20:25:33 pm »
Фала ви момци. Ќе разгледам како одат  цените.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Izolacija za pod laminat
« Одговори #47 на: 03 Февруари 2020, 20:44:39 pm »
Под ламинат мора да има изолација звучна (не филц!) зошто во спротивно може да оглувиш ако некој згазне со кондура или штикла.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7071
Одг: Izolacija za pod laminat
« Одговори #48 на: 03 Февруари 2020, 20:47:22 pm »
Под ламинат мора да има изолација звучна (не филц!) зошто во спротивно може да оглувиш ако некој згазне со кондура или штикла.
Аха, јасно. Значи на кошулица иде изолација па после ламинат?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Izolacija za pod laminat
« Одговори #49 на: 03 Февруари 2020, 21:01:11 pm »
Изолација па ламинат, одоздола може се да биде.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8622
  • Малерозен дрводарец
Одг: Izolacija za pod laminat
« Одговори #50 на: 03 Февруари 2020, 22:50:44 pm »
За у викендица се мислам дали ламинат или плочки да наредам. Плочки е полесно за оддржавање, ама не ми иде некако цела дневна да биде како болница.

Мислам дека цената за местење на плочки ќе биде сериозно повисока од редење на ламинат. Ако се помирам со трошокот е тогаш би земал најдобар ламинат  или дрвен под :)

Плочки можеш да најдеш евтини (а грди), ама лепак не е добро да ставиш некој лајно...

Во просек, самиот материјал за лепење плочки е многу поскап отколку редење ламинат.
До скоро сите мајстори земаа 1 евро од квадрат за ламинат
АМА
можеш и сам да го наместиш, само ти треба добро машинче за сечење - земи од некој ако немаш :)

Филц исто има во различни варијанти. Најфураната е онаа од 3мм што во превод значи исти курац како да нема ништо под подот :)
Земи поквалитетен од 8мм за околу 80 денари од квадрат и биди си пораат.

Ламинати има дури и со убав изглед за 400-500 денари, инаку. Штом е викендица - ќе истераш лесно и евтино.

ЕДИТ: Само пази, треба да биде поприлично рамно за ламинат да легне прописно. Со многу дупки ќе биде лошо, та дури и ептен :)
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3473
Одг: Izolacija za pod laminat
« Одговори #51 на: 04 Февруари 2020, 10:30:24 am »
За у викендица се мислам дали ламинат или плочки да наредам. Плочки е полесно за оддржавање, ама не ми иде некако цела дневна да биде како болница.

Мислам дека цената за местење на плочки ќе биде сериозно повисока од редење на ламинат. Ако се помирам со трошокот е тогаш би земал најдобар ламинат  или дрвен под :)
Солидни плочки се 400-500ден за квадрат, работна рака исто 400-500 ден за квадрат, доаѓаме до 800-1000ден по квадрат за плочки.
Убав ламинат околу 700-800ден за квадрат, работна рака 80-100ден, доаѓаме до 700-900ден по квадрат за ламинат.
Не би рекол дека цената за плочки е поскапа од цената на ламинат за клуч на рака.
ЕДИТ: Извинете лепакот не го ставив, 300ден вреќичка, доволна за 4м2.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3876
Одг: Izolacija za pod laminat
« Одговори #52 на: 04 Февруари 2020, 11:42:54 am »

Јас кога градев куќа солидна плочка за под во дневна за таа цена не најдов. А ламинат издржлив има и за 400. Сеедно прво треба да се види што подразбираш под солидна плочка а што под солиден ламинат. Кога јас редев плочки 10-12 евра квадрат со работа и лепак и фуги.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3473
Одг: Izolacija za pod laminat
« Одговори #53 на: 04 Февруари 2020, 12:47:00 pm »
Јас кај мене таа што ја ставив беше 440ден за м2 со попуст (околу 70м2), бидејќи одеше на подно мораше 16ка лепак кој дига цена скоро дупло. За работна рака не сум репер затоа што „сам“ ги лепев. Инаку кога пак би работел со лепење плочки под 10е за м2 не би, во право си, ма да мајстори денес имаш и за 7е што солидно ќе завршат работа.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3876
Одг: Izolacija za pod laminat
« Одговори #54 на: 04 Февруари 2020, 15:46:17 pm »
Во право си, има за есапење тука. Јас релано имам уплав од плочкари поради лоши искуства. Дополнително на сите дадени понуди наеднаш доаѓа ценовник за вградување лајсна, па за правење цокле  по метар па за бордура по метар и никако да сконтам колку ќе ми излезе на крај, а тие мајмуните не кажуваат како што треба. Сам немам живци тоа да го правам. Од друга страна па ламинат би редел сам и би инвестирал во подбар материјал на сметка на мојот труд. На крај есапот за тоа што е најбитно од лична гледна точка ќе даде вистинска пресметка.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7071
Одг: Izolacija za pod laminat
« Одговори #55 на: 04 Февруари 2020, 16:33:49 pm »
Фала на споделени искуства. По се изгледа ќе се иде на ламинат, со 8ца изолација од доле. Само да е провери дали е рамна површината.

Гледав во QuickStep за ламинат, кај стадион што беа (сега се кај Броз).

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Izolacija za pod laminat
« Одговори #56 на: 04 Февруари 2020, 16:41:09 pm »
Имаш производ Хидроглет од Адинг за израмнување подови.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8622
  • Малерозен дрводарец
Одг: Izolacija za pod laminat
« Одговори #57 на: 04 Февруари 2020, 17:33:20 pm »
Батали QuickStep - генерално скапо. Влае - Лав Комерц, имаат еден куп различни од 300 - 3000 денари.

Сега имаат и некој нов салон на Илинденска, можно е да е отворен.
Провери на Фецесбук, немам за да проверам сам :D
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8622
  • Малерозен дрводарец
Одг: Izolacija za pod laminat
« Одговори #58 на: 04 Февруари 2020, 17:35:38 pm »
...вградување лајсна, па за правење цокле  по метар па за бордура...

Затоа е над 10 евра од квадрат а не 7, сосема си во право :)
Лани плаќав нешто како 700 денари од м2 или слично
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен negoznam

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 533
Одг: Izolacija za pod laminat
« Одговори #59 на: 04 Февруари 2020, 18:19:52 pm »
Јас од Лав Комерц не без задоволен од услугата, а ни изборот не беше нешто нај (пред ~3 години, можда се сменило нешто у меѓувреме).
Али можам да ги препорачам Лесна, земав Таркет од таму дури пуштија и нешто попуст самите без да се натегам. Тера неколку години без мука со 3 големи кучиња по дома. https://www.facebook.com/LesnadooelSkopje/