Автор Тема: Тест: Opel Grandland X  (Прочитано 12914 пати)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Тест: Opel Grandland X
« на: 23 Јануари 2018, 13:16:16 pm »


Минатата сабота требаше да имам Инсигнија на тест, ама за жал не беше достапна, па единствена „утешителна награда“ беше тест-возење на новиот Opel Grandland X.
Grandland X и Crossland X се првите модели со значката на Opel, но платформа на РЅА. Иако не сум љубител на овој тип на возила, се нафатив да го извозам за да видам што има да ми каже.









Надворешно, Grandland X изгледа ненаметливо и смирено. Ги носи карактеристичните дизајнерски линии забележливи и кај другите модели на Opel, кои пак своето потекло го гледаат во Buick Avista Concept. Напред гордо е истакнато логото на Opel, закитено со хромирани „бркчиња“ (или „крилца“ кој како љуби). Дневните светла во светлосните групи се доследни на дизајнерските моменти забележливи кај поновите модели на производителот. Профилот го красат две мускулести набрекнувања на вратите и крилата, хромираната лајсна која се протега долж целиот кров и предизајнираниот „Ц“ столб. Мора да се напомене дека профилот изгледа безмалку смешно, првенствено поради димензиите на тркалата и пластичните поклопци. Но, на тоа поле може многу лесно да се интервенира и да се подобри, така што, нема да пишам преголем минус поради тоа. Задниот дел на Grandland X изгледа како пренапумпана Astra. И тука се приметуваат карактеристичните дизајнерски моменти во светлосните групи. Тешко е да се најде нешто друго интересно на задницата на ова возило. Како што напоменав на почетокот, Grandland X не се расфрла со премногу дизајн, точка ваму, линија таму, и делува доста смирено, и на моменти дури и стерилно.











По отворањето на вратите, понудата на простор во кабината едноставно плени. Има навистина многу место, како на предните, така и на задните седишта. Како кај надворешноста, така и кај внатрешноста на Grandland X, преовладува смиреност и култивираност, без непотребни експерименти. Кај ова возило, седиштата беа комплетно пресвлечени во кожа, со електрично подесување, греење итн. За жал, седиштата немаат доволна странична потпора, а инаку се доста удобни. Седењето е високо, што е нормално кога ќе се земе предвид типот на возилото. Воланот убаво лежи во раце, а ергономијата е на релативно високо ниво. Контролите на и околу воланот се лесно достапни и разбирливи, но контролите за клима уредот се прениско поставени и „во сенка“, па не се толку лесни за користење. Инструмент таблата е чиста и прегледна, иако нуди многу информации во даден момент. Во горниот дел од централната конзола, одлично е интегриран екранот за мултимедијалниот систем / навигацијата. Не ми се допаднаа алуминиумските педали, бидејќи се лизгаат, особено ако обувките се влажни од долу. Надворешните ретровизори се големи и прегледни, додека низ средниот ретровизор, погледот е ограничен поради ниското задно стакло и потпирачите за глава на задната клупа. Многу паметно и за почит е поврзувањето на надворешните ретровизори со камерата за возење наназад. Имено, кога ставаме во „рикверц“, на дисплејот се појавува сликата од задната камера, додека надворешните ретровизори го менуваат аголот према надолу, за да може да се види да не има некоја прикриена препрека, или колку има до рабникот.  Задната клупа се дели на 60:40 и има централен отвор за долг товар.







Вреди да се напомене дека на централната конзола има отвори за вентилација и команди за греење на задните седишта, што благопријатно влијае врз комфорот на патниците. Багажниот простор е со правилна форма, и поделен на две нивоа. Високото отворање на задната врата и нискиот товарен раб дополнително ја подобруваат практичноста на Grandland X. Задната врата се затвора автоматски со притисок на копче, а може да се отклучи или заклучи со гестикулација со нога, непосредно до работ на задниот браник.





Возењето на овој конкретен Grandland X беше проследено со измешани чувства, особено поради тоа што не сум љубител на вакви возила. Управувањето е прецизно и директно, но недостасуваат повратни информации од воланот т.е. едноставно премногу е бесчувствителен. Можеби тоа би се подобрило со поголеми тркала и пошироки гуми. Менувачот ми беше чуден; веројатно очекував попрецизно да работи. Во неколку наврати ми запна при бирање на 3-от степен, што не би смеело да се случи на ново возило. Имајќи ја предвид височината на возилото и неговиот габарит, за пофалба е држењето во кривини. Иронично беше што иако возилото одлично држи во кривини, телото бега поради недоволна странична потпора на седиштата. Звучната изолација и комфорот се на високо ниво. Системот за читање на сообраќајни знаци одлично си ја врши работата, и на дисплејот пред возачот секогаш го покажува последното ограничување. Интересно ми беше како реагира Системот за следење на коловозни ленти - не дава само сигнализација на инструмент таблата, туку го „бутка“ воланот во спротивната насока. Имено, намерно возев премногу десно, блиску до белата линија до работ на коловозот, и системот не само што дава сигнал дека возилото е премногу блиску до белата линија, туку и го насочува на другата страна, односно према средината на коловозната лента. Многу паметно изведено.



Е сега, посебно ќе го издвојам моторот, бидејќи толку позитивно ме изненади, што се' уште сум под импресии. Очекував да биде 1.5 литарскиот турбо-бензинец кој требаше да го возам во Инсигнијата, и бев доста пријатно изненаден, особено од тоа колку лесно и без никаква драма солидно потегнуваше од ниски вртежи и си тераше без мака до кај 180 км/ч. Можеби ќе тераше уште, ама не сакав да форсирам. Бев шокиран кога видов дека всушност станува збор за 1.2 литарски турбо-бензинец со 3 цилиндри! Никогаш, ама баш никогаш, ни на крај памет немало да очекувам таков мотор, со толкава леснотија да го носи габаритот на еден компактен СУВ. Моторот е дефинитивно најдоброто нешто кое ќе го издвојам кај тестираното возило, бидејќи е благо кажано, феноменален. Не знам како стои со потрошувачка, бидејќи го имав возилото само 80 минути.

Листата со ставки од опремата кај нивото Innovation, воопшто не е за занемарување. Имено, кај тест возилото беа присутни:
- ESP, ABS, EBD
- Навигација со говорни команди и екран чувствителен на допир
- кожен пакет
- греење на седишта и волан
- старт-стоп систем
- keyless систем
- дополнителна заштита на подвозје
- греење на преден ветробран
- двозонски клима уред
- електронска паркинг кочница
- темпомат / лимитер
- асистент за тргнување на нагорнини
- греење на просторот за стапалата позади
- адаптивни ЛЕД светла
- автоматизирана задна врата
- blind spot assisstant
- Opel OnStar
- TPMS систем за следење на притисокот во гумите
- систем за препознавање на знаци "Opel Eye"
- систем за препознавање на коловозните ленти

Цената на Opel Grandland X Innovation 1.2 DIT, 96 KW (130 KC)  во локалниот салон за Opel е 35370 Евра (со тоа што би било со BiColor алуминиумски фелни, не со овие тркала)

П.С. Се извинувам за извештерените слики и квалитетот на истите, ама ми снема место на телефонот. Имам и неколку видеа снимени, ама не знам дали и кога ќе можам да ги обработам, благодарение на протестот на мојот компјутер.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Тест: Opel Grandland X
« Одговори #1 на: 23 Јануари 2018, 13:24:05 pm »
Супер тест, интересно возило само што кожниве седишта неможам да ги поднесам, сигурно јас би идел со други.

А најдобриот момент е ова

 
Цитат
солидно потегнуваше од ниски вртежи и си тераше без мака до кај 180 км/ч. Можеби ќе тераше уште, ама не сакав да форсирам. Бев шокиран кога видов дека всушност станува збор за 1.2 литарски турбо-бензинец со 3 цилиндри!

На форумов ме направија будала кога велев Шкода Октавија/Голф 1.0тси со ДСГ е добар избор за 17к или 18к колку беше понудата па почнаа 3 цилиндри било дали си нормален итн  :D

Иначе количево интересно изгледа, конзервативно и тоа ми се допаѓа. Ова се споредува со Тигуан или сум грешка?

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Тест: Opel Grandland X
« Одговори #2 на: 23 Јануари 2018, 13:27:25 pm »
Ни јас не можам кожни седишта, сеа само си го потврдив тоа.

Конкуренцијата е Тигуан, Кашкаи, 3008, Атека итн.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 405
Одг: Тест: Opel Grandland X
« Одговори #3 на: 23 Јануари 2018, 13:32:19 pm »
Иста платформа со 3008, а поскапо. 3008 ја млати ко мало дете кутијава.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: Тест: Opel Grandland X
« Одговори #4 на: 23 Јануари 2018, 13:36:24 pm »
Сефирот, че те молам да не користиш изрази што се користат во дискусии на АјТи.мк.  ;D

Опелот убав, само да му биде убава среќата и да се продава. Јас пак си сакам кожени седишта и ми се допаѓаат.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен ghost555

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 140
Одг: Тест: Opel Grandland X
« Одговори #5 на: 23 Јануари 2018, 13:37:20 pm »
Одличен тест! @velestrumf Како е моторов споредено со 1.6 дизелот ако не се лажам во инсигнијата што ја возиш, во однос на забрзување, еластичност? 

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2672
Одг: Тест: Opel Grandland X
« Одговори #6 на: 23 Јануари 2018, 13:39:24 pm »
Ubav test, iako kratok.
Posebno mi se sviga sto ne e celiot vo superlativi...ubavo podeleni + i  -
Dizajnerski bajagi potfrleno.

Sto se odnesuva do kozata, ako e formata na sedisteto pogodena i drzi kako treba (ne samo sedisteto tuku i cela kola), materijalot ne bi pravel tolku golema razlika.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Тест: Opel Grandland X
« Одговори #7 на: 23 Јануари 2018, 13:47:04 pm »
Иста платформа со 3008, а поскапо. 3008 ја млати ко мало дете кутијава.

Пежо 3008 со слична опрема како Опелов (без адаптивни ЛЕД светла, систем за читање знаци, систем за следење ленти, греење на задна клупа и простор за нозе позади, и веројатно пар други ствари) е 32960 Евра. Ако постои можност да се вградат тие работи кај Пежото, веројатно цената би дошла тука негде.

Одличен тест! @velestrumf Како е моторов споредено со 1.6 дизелот ако не се лажам во инсигнијата што ја возиш, во однос на забрзување, еластичност? 

Моторот е ненормално еластичен. Во повеќе наврати толку лесно стигнав до 80 и тоа во градски средини, што е дури опасно. Морав лимитер да ставам.
Моторот во Инсигнијата е потромав на старт, ама потоа е подобар (за меѓузабрзувања) и покултивиран. Бензинецов почнува да се дере кога се вози малку поригорозно, додека дизелон кај мене упорно е тивок (освен ако не претеруваш, нормално).

Ubav test, iako kratok.
Posebno mi se sviga sto ne e celiot vo superlativi...ubavo podeleni + i  -
Dizajnerski bajagi potfrleno.

Sto se odnesuva do kozata, ako e formata na sedisteto pogodena i drzi kako treba (ne samo sedisteto tuku i cela kola), materijalot ne bi pravel tolku golema razlika.

На ептен ограничено ја имав колата, па затоа краток теС :)

Верувам дека во друга боја и со нормални тркала, би изгледал значително подобро. Вака е, шта речи, коју поруку послати.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Тест: Opel Grandland X
« Одговори #8 на: 23 Јануари 2018, 13:50:17 pm »
За Carclub, Сијка Пиштолова од Дојчланд.

Супер тест Веле, колава СУВ ко СУВ, али моторот стварно интересен.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Тест: Opel Grandland X
« Одговори #9 на: 23 Јануари 2018, 13:52:11 pm »
Puretech e predobar motor !!! Koj go vozel/vozi znae
A imevo Grandad X :D  Sepak 3008 for the win ;)
« Последно менување: 23 Јануари 2018, 13:58:10 pm Inter1 »

Отсутен NeVeNR

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 983
Одг: Тест: Opel Grandland X
« Одговори #10 на: 23 Јануари 2018, 16:23:20 pm »
Да бидам искрен ништо не ми се свиѓа кај опелов.
Зини да ти кажу.

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: Тест: Opel Grandland X
« Одговори #11 на: 23 Јануари 2018, 16:36:08 pm »
Прв пат гледам вакво возило, ама ако ова е 3008 мене ми е многу поубаво вака на слики, покултурно и попитомо, 3008 сакал да каже нешто ама не се докажал.
Другото не го коментирам, посебно што СУВ како возило ми е ептен безвезе.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13919
Одг: Тест: Opel Grandland X
« Одговори #12 на: 23 Јануари 2018, 16:36:39 pm »
Design, not bad. За вакво возило, супер.


Отсутен Tesla

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • Eбач на батерии :D
Одг: Тест: Opel Grandland X
« Одговори #13 на: 23 Јануари 2018, 16:42:12 pm »
Веле би ја мењал инсигнијата за ова чудо? ;D
Д'г ж'т в'к п'н б'и - Долг жолт волк полн болви.

Zenu dupe krasi a tortu orasi.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13919
Одг: Тест: Opel Grandland X
« Одговори #14 на: 23 Јануари 2018, 16:55:44 pm »
Мислам дека да! :D