Веќе долго време е најпродавана корејска марка во Германија.
Hyundai ги објави цените на новата генерација на i30, но само за пазарот во Велика Британија. Пребирливиот пазар на островот е местото каде новиот i30 ќе го крши мразот пред купувачите.

Корејците не сокриваат дека новиот i30 како модел има исклучително големо значение за марката, посебно на пазарите во Европа. Hyundai со него сака да украде голем дел од пазарниот колач на модели како VW Golf и Ford Focus.
Цената во Велика Британија
стартува од 14.495 фунти, или околу
17.400 евра. Оваа цена важи за основното ниво на опременост Classic со 1.4 литарскиот бензинец со 100 КС под хауба.
Во Британија во понудата се уште три нивоа на опременост Active, Style и Style Nav кои се комбинираат со два бензински и три дизел мотори и со автоматски или мануелен менувач со шест степени на пренос.
Најскапиот модел Style Nav со ултраефикасниот 1.6 литарски дизел CRDi Blue Drive од најновта генерација кој испорачува 128 КС и е спарен со автоматски менувач. Цената на овој модел изнесува 20.795 фунти, или околу 25.000 евра.
Сериски, основниот модел Classic доаѓа опремен со LED светла за возење дење, електрика на стакла и ретровизори, Bluetooth конекција со гласовно активирање, клима уред, аудио,…
Active има и темпомат, сензори за паркирање и леснометални бандажи од 15 инчи. Кај Style леснометалните бандажи мерат 16 инчи, а во игра е и двозонски клима уред, сензори за паркирање напред, сензори за дожд,... Style Nav има и навигација.
Пристигнувањето на новиот Hyundai i30 во продажните салони е закажно за во месец март. Се очекува и најавата за стартот на продажбата на останатите пазари во Европа.
http://www.time.mk/read/NONE/833308b6fd/index.html