Автомобилскиот концерн Hyundai во текот на 2012 година планира да инвестира 12,2 милијарди долари на развој. Сериозна сума на пари со која ќе се надминат инвестициите од минатата година за 15,6%.

Одговорните во Hyundai наведуваат дека годинава ќе се исполни најголемата инвестициска програма во историјата на корејскиот производител на автомобили.
Дури една третина, или 4,4 милијарди долари, ќе бидат инвестирани во развој на нови технологии и на автомобили со цел да се забрза создавањето на високо економични и ултраеколошки модели.
За проширување и модернизирање на производствените капацитети Hyundai ќе одвои 7,8 милијарди долари, од кои дел ќе отиде и на развој на дилерската мрежа и подобрување на постпродажните активности и маркетингот.
Покрај развој, производство и услуги Hyundai дел од средствата ќе инвестира и за други потреби од кои најголема е набавка на високолегиран челик за што ќе бидат одвоени 1,9 милијарди долари.
Hyundai уверува дека обемните инвестиции се економски оправдани и ќе се вратат во следните неколку години.
http://www.vozi.com.mk/vesti/hyundai-investira-12-2-milijardi-dolari.html-----------------------------------------------------------------------