Насловот наведува дека можеби во прашање е ретка и скапа автомобилска икона од типот на Ferrari, Lamborghini, или можеби Aston Martin, која се изработува рачно и која има толку долг рок на испорака.

Сепак, не. Hyundai Solaris е сосема обичен автомобил кој кај нас е познат под името Hyundai Accent, а во Јужна Кореа, Hyundai Verna. Моделот се продава под името Solaris во Русија и таму на него се чека две години.
Испораката е толку долга заради големата побарувачка и тоа за основниот модел Base кој според статистиката на Hyundai зафаќа само 2% од вкупното производството на Solaris.
Јасно е дека малата рата на производство води кон дефицит на моделот, но русите немаат намера да се откажат од него заради високата разлика во цената меѓу основната изведба Base иследното ниво на опременост Classic.
Русите лудуват по Solaris Base без оглед на зголемувањето на цената која од 379.000 рубљи, или 9.545 евра, скокна на 399.000 рубљи, или 10.050 евра, но за нив и тоа е помалку од цената на Classic која стартува од 433.000 рубљи, или 10.905 евра.
Колку моделот е интересн за тамошниот пазар говори и фактот дека Hyundai го нуди Solaris од почетокот на годината и оттогаш до сега се продадени преку 40.000 примероци.
http://www.vozi.com.mk/vesti/2-godini-chekanje-za-hyundai-solaris.htmlPrvin amerikancite luduvaa po H, sega rusite luduvaat po H, koj e sleden?