A се чудам зошто ми е волку грозно риово, знам не беше лошо... Кога тоа пиканто било.
Страшни возила се ова, страшни. Кризава ќе не убие начисто.
Да ние како богат народ сме страшно погодени.
Од друга страна во Данска (како една од ретките земји во Европа која е надвор од кризата а и најлесно помина) околу третина од новите коли се од А-сегментот.
Си видел ли Закони и трошоци во Данска. Имам другар во Копенхаген и вози Тојота Корола 2000 година. Вели дека за осигурање (не каско), регистрација и данок годишно плаќа околу 1300 ЕВРА, масло сам менува (во сервис е 150 ЕВРА замена на масло) а он рента гаража. Инаку данок и царина за нова кола е 200 посто.
Затоа купуваат мали коли.
Инаку Пикантото е покласа од Спарк а една класа подоле од i10.