Задолженоста не е репер за неуспешност.
Во бизнисот задолжувањето е алатка за да земеш капитал и го искористиш во развој. Потребно е да си финансиски стабилен да го сервисираш долгот.
Секое задолжување е еден вид на долгорочна инвестиција со пари кои што не се твои. Принципот е едноставен. Се задолжуваат со ниска каматна стапка на период од 10-15 години и претпоставуваат дека во тој период ќе направат профит на годишно ниво кој ќе биде поголем од „ратата„ која што треба да ја вратат. На тој начин, долгот се сервисира, развојот си врви со свеж капитал, и капе некој профит за акционерите.
Кога развојот ќе извади производ, технологија или услуга, долгот многу полесно се сервисира. И најчесто тој производ има маржа која што е многу солидна до продажба на крајниот корисник.
Токму затоа Волксваген, Мерцедес, Форд и Тојота се во топ 10 најзадолжени компании.
Тоа не значи дека пропаѓаат, туку дека инвестираат во развој.
Е сега ако развојот е за никаде, и не даде рентабилен производ, тогаш ќе имаат проблем да го сервисираат долгот и на долгорочен план ќе имаат проблеми.
Мислам дека неможев по просто да го образложам ова.
За другите компании кои се од не-автомобилскиот сектор незнам и немам претстава што прават со парите од задолжување, ама мислам дека принципот би требало да е ист.