Автор Тема: Фиат Браво 1.9MultiJet  (Прочитано 74928 пати)

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5854
Фиат Браво 1.9MultiJet
« на: 28 Декември 2017, 17:29:39 pm »
Епа момци оваа е тоа Фиато шо несакаше од Европа да премине во балканот  ;D т.е шо се запуши Дпф филтерот  :D
Моторот го знаете 1.9МултиЈет 8V со 120Кс (255/2000 N*m/rpm)
Значи колата е донесена од Германија на неполни 220.000 КМ,последниот сервис во сервисната книшка е заведена на 18.12.2014 со 162.460 КМ
Година на производство 2008 година
Опрема:
Мулти функционален волан со команди
Blue&Me
Поврзување со Bluetooth
Foloow Me
Windows Mobile USB конектор
City
Воланот се подесува по длабочина+горе/долу
ASR (ESP не најдов,каде да побарам дали има?  ;D  )
Кога давам жмигавец или вртам во кривина се вклучува и магленката за дополнителна видливост  8)
NAV-Валјда Навигација (Најдов мапи на едно Усб кое беше во Windows конекторот)
Електронско подесување на фаровите
Електрика на предни прозори
Електрика на ретровизори
Магленки
Борд компјутер
Клима
Тоа е тоа,не е со најфул опрема  ;D ;D  некој ако знае како да проверам за ESP нека пише овде во темава.
Стариот мој е најболји купувач на кола  ;D тој оди и купува (без да ја гледа колата) само го интересира да е моторот ОК   ::)   ;D
Иначе сите стакла на колата се со ист број,да се разбереме  ;D  ::)  :P









Е тоа беа добрите работи сеа работи кои се за средување по колата:
Колата е со набиено предно лево крило и поткрилото е оштетено долу(стариот изгледа мижел кога гледал иако вика оти била валкана и не приметил  ;D според тоа шо го увидов веројатно од пукната гума) ке следат слики (Може да давате предлози дали може оваа крило да се среди или најдобро друго да најдам исто и поткрило)
Менувачот некако како да не е подмачкан добро,пример кога е во лер колата ако го подмрднам лево или десно си останува таму менувачот т.е не си доага сам на позиција на средина (иначе денес е проверено маслото во менувачот и е скоро на последната црта минимум)Исто може и овде да давате предлози до шо може да биде,иначе според мајсторо мисли оти не е до улјето оти е скоро минимум
Тоа се тие 2 посериозни проблеми околу колата



Леки козметички проблеми:
Амблемите FIAT на хаубата и гепекот се скоро прегорени (оваа заштитата и има паднато како силикон па лесно прегореле)
Полирање на фарови
Воланот и менувачот има како слој тенка кожичка па е оштетена на некои места
Веројатно ке си сака и полирање бидејки има по некоја лека гребнатина
Далечинско клуч (пошо не му дале друг)-Прашав по Скопјево и дадоа цени од 4000-9000 Денара
Тоа е тоа од тие шо треба да се средат и ако имате предлози кое каде да се среди слободно пукајте  :)
Шо досега е средено по Колата:
ДПФ Филтерот преживеа  :) ,го однесов во Струмица го исчистија и направија присилно регенерација и сега е Ок не загадува  ;D но некако сега пред малку читав на нет и прочитав оти можно е клапната да не отварала и со тоа се спречувала колата сама да прави регенерација.Колку е точно ако некој знае нека пише во темава,пошо некако на трња возам од коа прочитав  :-[ да не заборавам оти забелезав скоро дупла потрошувачка кога ја земав колата од регенерација на Дпф филтерот.И да 60 Евра кошташе
Денеска направен редовен Сервис:
Масло Motul X-Clean 8100 5W-40 100% синтетичко (Пофалби до @Peconi шо ме истрпи тие денови  ;D   )
Филтер за масло Hengst
Филте за воздух Comline (ептен на лошо место е филтерот и овој таму шо работеше на сила го стави и некако ме копка околу тоа и мислам оти не е добро наместен)
Филтер за кабина Comline
Филтер за нафта Comline
Заден Бришач
Вкупно 100 Евра со работна рака


По празниците е договорено са се заменат ребраст,затегачи,клинест и водна пумпа
И сеа старио ми зема Опело и вика ти знаеш кај да го средиш Фиато  ;D  ::)  ке го возам кога ке ми треба Опелот да знаеш.....What?  ::)
Кој има предлози за санирање околу некој проблем слободно нека пишува во темава

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Фиат Браво 1.9MultiJet
« Одговори #1 на: 28 Декември 2017, 17:34:18 pm »
Со здравје да се служи, јас го гледав ова возило пред да купам друго - немаше саглам во МК вакво.

А иначе ДПФ - то си го решил краткотрајно, пак ќе ти се појави проблемот за жал само прашање на време е и колку ќе го возиш градска.

Клапните се на усисната грана, крени го капакот од моторот и провери каква е заместеноста ако за истите правиме муабет, а треба да се тие.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5854
Одг: Фиат Браво 1.9MultiJet
« Одговори #2 на: 28 Декември 2017, 17:45:42 pm »
Фала howitz
Ке проверам баш деновиве дали клапните се замастени,ако не будува ке морам да го извадам Дпф филтерот и да се исклучи софтверски.
Повеке отворено се вози иначе но не дозволува патот да се вози повеке од 100 км/ч
2000грм во 5-та 😃

Sent from my E5603 using Tapatalk


Отсутен masterficx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 482
Одг: Фиат Браво 1.9MultiJet
« Одговори #3 на: 28 Декември 2017, 18:18:49 pm »
Убаво е количето. Создравје да си го возите и долго да ве служи.

Ако има навигација како функционира? Каде би ја гледал картата ?

Само мене ли ми се гледа на сликава како и вратата да е малку подвиткана навнатре во делот кај што треба да се спои со крилото ?
Cheap + Reliable = Not Fast
Fast + Cheap = Not Reliable
Reliable + Fast = Not Cheap

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5854
Одг: Фиат Браво 1.9MultiJet
« Одговори #4 на: 28 Декември 2017, 18:36:13 pm »
Па сигурно на екранот кај километражата ке кажува во која насока да одиш право/лево/десно со стрелки,не верувам дека ке има цела мапа бидејки екранот не е толку голем и не е во боја.
Таму кај вратата тоа е гребнато од крилото,веројатно кога се случил ударот крилото е набиено накај вратата и со отварање/затварање на самата врата има дојдено до триење.

Sent from my E5603 using Tapatalk


Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13919
Одг: Фиат Браво 1.9MultiJet
« Одговори #5 на: 28 Декември 2017, 20:09:49 pm »
Создравје да си го возите количето! Одличен избор. Ќе се средат работите полека полека

Отсутен malinamamun

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 552
Одг: Фиат Браво 1.9MultiJet
« Одговори #6 на: 28 Декември 2017, 20:25:03 pm »
Добар избор. Мала замерка што не сте земале 16V со 150кс, бидејќи тие се погодени мотори, но со здравје да се вози.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6737
  • Бенве сие бенве
Одг: Фиат Браво 1.9MultiJet
« Одговори #7 на: 29 Декември 2017, 06:56:11 am »
Честитки, со здравје да се вози, и да клецаш радовишанки во него. дпф не се затнува така лесно ако колата е исправна. Не кажа како се среди проблемот што го имаа у австрија, до што било.


Sent from my Samsung s8+ using Tapatalk

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5854
Одг: Фиат Браво 1.9MultiJet
« Одговори #8 на: 29 Декември 2017, 08:32:04 am »
@malinamamun колку шо знам 8V се покажани како подобри,може и грешам,уствари се зависи како е одржуван моторот.
@МАРЈАН пишав но не си прочитал   проблем испадна дпф филтерот и колата не можеше да работи слободно,го извадиле филтерот и напасирале алуминиумска цевка да поврзат кај шо бил дпф филтерот и тоа е тоа .

Sent from my E5603 using Tapatalk


Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: Фиат Браво 1.9MultiJet
« Одговори #9 на: 29 Декември 2017, 09:01:49 am »
Ако не си го земал лонецот малце си се зезнал :)
На технички ќе ти прават проблем, по правило лонецот се сече од горе - страната која е facing каросерија и од таму се сече и се празни саќето и се монтира повторно за да изгледа ко фабрика ;D
Не знам како го средиле проблемот со сондата и со софтверот.
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5854
Одг: Фиат Браво 1.9MultiJet
« Одговори #10 на: 29 Декември 2017, 09:28:41 am »
Не си прочитал добро во темата 😀
Нормално земен е лонецот,во Струмица е исчистен+присилна регенерација и еве го сега намонтиран и е добар (сега за сега   )

Sent from my E5603 using Tapatalk


Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Фиат Браво 1.9MultiJet
« Одговори #11 на: 29 Декември 2017, 10:28:00 am »
Со здравје да се вози.
Истито мотор го имам во 147.

За шалтерот.



Eве туториал од прилика...

http://www.alfaworkshop.co.uk/Alfa_147_GT_156_Gear_selector_plate_removal.shtml

Треба овие да ги смениш. Овие се пиксни на шалтерот. Се наоѓаат 2 напред над менувачот, достапни се кога ќе го извадиш акомулаторот.
Уште 2 вакви имаш под самиот шалтер. До нив се стига одоздола, треба да се извади издувот и се спушта шалтерот.
Смени ги првен тие под хауба. Па види шо ќе се дешава.

Ќе ги најдиш под има Gear Linkage BUSHES.

Мојата нема ДПФ.
Препорак од мене да размонтираш клапна и ЕГР. Не се страшни за размонитирање. Чисти се и врати назад.
Пази само на тие дихтунзите на ЕГР цевките. Ептен се pain in the ass.

За губење на масло.
Види дали имаш флека под мотор после возење.
Малку е тешко да лоцираш ако имаш заштина пластика под мотор.

Пробај да лоцираш од каде капи точно.

Има семеринг на радилица, дихтунг на картер и имаше уште некој семеринг (можи да е кај полуосовините).

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5854
Одг: Фиат Браво 1.9MultiJet
« Одговори #12 на: 29 Декември 2017, 12:12:33 pm »
Фала osmica8 за инструкциите

Sent from my E5603 using Tapatalk


Отсутен Prof. Greenthumb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4001
  • MadaFunker
Одг: Фиат Браво 1.9MultiJet
« Одговори #13 на: 29 Декември 2017, 18:48:37 pm »
Со здравје да се вози Рики, дај една фотка од гепекот да видам колкав е. Се мислам дали да правам Upgrade од Grande на Bravo :D
New blood of old school

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: Фиат Браво 1.9MultiJet
« Одговори #14 на: 29 Декември 2017, 19:02:29 pm »
Цитат
Амблемите FIAT на хаубата и гепекот се скоро прегорени (оваа заштитата и има паднато како силикон па лесно прегореле)

Немој да се излажеш да земеш нови, џабе фрлање пари е. За една година ќе приметиш дека почнале да се распаѓаат.