И како што најавив полека ке се почне со некој естетски промени кај количето. Првично ги заменив сијаличките со бели диоди на задната таблица. Една од сијаличките беше изгорена, другата класика пред горење, па пристапив кон замена на истите. Ефектот се гледа од сликата (многу е јебачки):

По задните сијалички на таблицата се префрлив на предниот дел. Исто така беше цркната една од позициите, па сакав и нив да ги средам да си бидат како што треба. А покрај другото решив да ставам и други халогенки со кои имам веќе позитивно искуство, дури и зачудувачки ми е како излегоа така добри. Класична јачина, 55/60 W купени од Carbox во Сити Мол. Праксис, оригинал кинеско производство. На зид прават одлична линија.
Позицијата заменета со LED со CREE диоди. Светењето зачудувачи јако во темница. Ефектот јебачки х2.
Инаку за замена на сијалички мора да се извадат фаровите. Јбга, малку е досадно тоа ама најлесно така се менуваат. Два штрафа и три конектори. Еве го процесот на замена и како излезе се тоа визуелно:

Позициите во темница:


И средните светла:


Следен проект веројатно ке бидат додадени и магленки, пошто нема фабрички, па ке се префрлиме на озвучувањето. Нови предни звучки, ново радио, нови задни звучки. Евентуално вуферче со појачало, но претходно изолирање на кабината комплетно. Исто така мора да интервенирам и на антената, зошто некој сакал да ја краде, па ја украл без штрафчето, односно сељакот ја скршил и штрафчето останало на држачот.
И сега за сега толку

Уствари да...Има уште еден мал сервис да се прави, односно да сменам сијаличка на километражникот. Една е изгледа премината па свети неуниформно, и некако не ми го личи. Може да се деси и широкоаголни доиди да ставам, и да ја решам работата за сите времиња.

p.s. Во потрага сум по 13" фелни 4х114,3 ; 5Ј, ЕТ42
Ако некој има било какво инфо или понмуда нека пише.