Автор Тема: Chevrolet spark 0.8, 2007  (Прочитано 62003 пати)

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6811
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #330 на: 27 Јуни 2025, 17:25:28 pm »
Ама затемнети џамови, во обичен стакларник никаква боја на каросерија и седишта не те спасува од максимални температури.

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1138
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #331 на: 30 Јуни 2025, 22:04:02 pm »
Има ли клима шеврото? АКО нема, јака ти душа, пријателе стена да е, па ќе се стопи од горештиниве! Совет: ако немаш клима, гледај секогаш да имаш ладни пешкири тоа помага! Се сеќавам на времето, матори мојот во Лада Нива со замрзнати пешкири, па ги ставаше по глава...
Многу нежни сте станале....

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 810
  • The best or nothing.
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #332 на: 30 Јуни 2025, 23:41:51 pm »
Го утепа од возење. Браво.
Уште 10 години да си го возиш. Одлична кола.  ;D :P

Отсутен kimi makedonski

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3035
  • Слобода или смрт
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #333 на: 01 Јули 2025, 11:01:11 am »
Без да звучам претенциозно но другар го имаш веќе солидни 7 години. Колку што сфатив ова ти е прво возило купено со сопствени пари како возач почетник и тоа е супер но време е за апдејт. Мора да пронајдеш мотивација да земеш ново возило а не да се задоволуваш со возило без абс, без клима, без серво и со 50 коња па уште кога ќе прочитам некој ти посакува да го возиш уште 10 години. Рецепт да не постигнеш ништо е да немаш желба и цел!

Затоа јас нема да ти посакам да го возиш уште 10 години туку во тие 10 години да смениш уште најмалку 2 возила секое класа повеќе од претходното!


Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1411
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #334 на: 01 Јули 2025, 11:57:27 am »
Па да ама со оглед дека во македонија живееме, ме чекаат за купување и замена и други работи колата е тек на последно место, во следниве две години ако не упаднам во јака пара не е планирана замена, е сеа се надевам нема да е ни 10 години сепак сакам да го моторизирам татко ми да има со што да си оди до берово барем, пошо автобуси и таксиња таму станаа дел од историјата.

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1411
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #335 на: 12 Септември 2025, 13:59:18 pm »
После 18 години попушти лакот на кровот

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6433
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #336 на: 12 Септември 2025, 14:23:22 pm »
Наеднаш вака стана?

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1411
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #337 на: 12 Септември 2025, 14:28:41 pm »
од лани почна по малце ама сеа под смоквата што стоеше и неколку перења и дождови се рашири ептен

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6433
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #338 на: 12 Септември 2025, 14:29:49 pm »
Тоа ми беше чудно. Значи лани ти попуштил лакот…

Отсутен n1kola

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7214
  • French diamond
Одг: Chevrolet spark 0.8, 2007
« Одговори #339 на: 12 Септември 2025, 14:39:15 pm »
Типична мана на светло црвена боја и кола која стои надвор цело време. Нема бегање од тоа, ене го и пежото кај мене се лупи на  браници и ретровизори, иста боја е ко спаркот.