Прво сакам хемиско и реставрација на дел од пластиките. Ова ќе го направам во Auto Care Прилеп(Ебаго!). Здравје наредна недела ќе се договорам со него. Малце не ми се вадат пластиките пошто обично држачите страдаат, ама то е. Следно ќе биде темелна проверка на мотор и потребни ситници околу него(Ако има)или околу каросерија. Понатака на ред се џиџи-миџи...Искрен да бидам во живо многу поубаво ја личи колата, ќе размислам за сите предлози...моментално ми се допаѓа ваква.
Имресиониран сум од звучната изолација на колава...мислев дека ќе биде послаба од Мерцедесот, али е на исто ниво. Предност има кај брисачите (ова сега го приметив, пошо врне...чиста логика) ултра тивки се, на дупки е далеку по тивка но исто тврда. Моторот е погласен, нормално пошто е дизел, но не ми смета. Вибрации некои осетни искрено нема, додека да се загрее пластиката на горниот дел од шалтаблата малце крцка при тргање (околу 1100-1500 обртаи). Менувачот е супер, прво не ми се допаѓаше толку краток, али сеа веќе влезе под кожа. Со овие 18ки на автопат си нана. Друго нешто немам да искоментирам...ќе сликам нешто што ми мачи душа да ми помогнете и тоа е тоа.
Overall сум задоволен од аутово до сега. Да не го урочам...само така нека продолжи.
