Автор Тема: Opel Astra J - GTC  (Прочитано 113262 пати)

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Opel Astra J - GTC
« Одговори #420 на: 02 Јануари 2020, 20:25:38 pm »
Да си купам поубав грамофон.

Money pit. :(

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Opel Astra J - GTC
« Одговори #421 на: 02 Февруари 2020, 17:39:26 pm »
 Денес се погоди денот за дитеиљинг...

Шалтаблата и воланот поминати со К2 спреј.
Седиштата и воланот со Turtle Wax leather care.
Моторот со спреј и незаменлива Violeta влажни марамица. ;D

Eве и сликички...






Следен ваков зафат здравје околу велигденски или првомајски празници.

Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5047
  • The Spartan General
Одг: Opel Astra J - GTC
« Одговори #422 на: 02 Февруари 2020, 17:44:08 pm »
Многу ти е убав опелот. Пред некое време се ср'чкавме за 80-120, ама тоа не го менува фактот што е речиси најубавиот хечбек од неговата генерација со три врати.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Opel Astra J - GTC
« Одговори #423 на: 02 Февруари 2020, 17:57:55 pm »
Тенјку.

Калибрата е уште поспора од 80-120 во 6та.
Може и видеото уште го чувам. ;D

Присутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1837
Одг: Opel Astra J - GTC
« Одговори #424 на: 02 Февруари 2020, 18:02:46 pm »
Неколку пати те имам видено кај алкалоид авотбуската паркиран фабрика како си чуваш алал ти вера !!!

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Opel Astra J - GTC
« Одговори #425 на: 03 Февруари 2020, 08:47:32 am »
Фала Кире.
Два пати месечно перење, еднаш месечно ентериер со средства и набрзина мотор не е така захтевно.
Зимно време уште поретко.

Едино правило е соблакање кондури пред да се влезе во кола али тоа е ситница. ;D



Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Opel Astra J - GTC
« Одговори #426 на: 31 Март 2020, 18:44:09 pm »

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Opel Astra J - GTC
« Одговори #427 на: 10 Април 2020, 19:49:06 pm »
Да си купиш спојлер за на кров/гепек  :) Има едни две Астри, паркирани една зад друга на 10 метра, едната има спојлер, едната нема, одма се познава дека очајно му фали еден и неа  ;D



п.с таа едната е и со вакви бандажи како оваа на сликата, таа со спојлерот  :)

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Opel Astra J - GTC
« Одговори #428 на: 10 Април 2020, 21:01:00 pm »
Добар си е фабричкиот спојлер што си го има Статро, онака суптилен - тамам!

Остај ти фаст енд фјуриоус моменти од 2003 година.  :D

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Opel Astra J - GTC
« Одговори #429 на: 17 Април 2020, 13:07:56 pm »
На сликата од @n1kola  горе таа е ОПЦ, 2 цм пониска фабрички со 20 ки бандажи.

Од шминкерај би ставил само еден ваков лип напред.



А дополнителен спојлер за на кров/гепек стандардно нема ни ОПЦ, односно се доплаќаше за некаков аеро пакет...


« Последно менување: 17 Април 2020, 13:30:43 pm Stratro »

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Opel Astra J - GTC
« Одговори #430 на: 17 Април 2020, 13:12:36 pm »
Кај тебе само треба да се инвестира во нискоќа малку. Ништо друго.

(И останувам на ставот дека подбраникот позади треба да се шприцне црн.)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Opel Astra J - GTC
« Одговори #431 на: 17 Април 2020, 13:22:52 pm »
Дури и да не се менува удобноста а вожњата ( а секако дека се мења), напред ќе ми биде уште потешко секојдневно спуштање низ катна гаража...поготово кога ќе го ставам и липот напред.

Еве ја како е сега и некако не ја доживувам дигната..шо знам.



За задниот дел, здравје...апла треба да немам попаметна работа, па да вадам и расклапам цел заден браник иако и мене ми се свиѓа црно повеќе.


Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Opel Astra J - GTC
« Одговори #432 на: 17 Април 2020, 13:36:35 pm »
Многу убаво изгледа количево, ни под разно не би го спуштал повеќе.

Евентуално еден зимски сет гуми со челични бандажи без раткапни би изгледал интересно за преку зима.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Opel Astra J - GTC
« Одговори #433 на: 18 Април 2020, 14:02:48 pm »
Тенкју.

Ако ме држи ќејфот, а и џебот, овие бандажи би оделе на зимски, под услов да имаме зима,  а за лето вака некако..



https://www.hotlinetyres.co.uk/18snowflake-b-alloy-wheels-vauxhall-astra-vectra-zafira-alfa-159-saab-vxr-tyres/

Иста димензија, 18ки со 235/50 гуми.
Тогаш веројатно би имал причина плус да ја шприцнам и задната пластика црна.

Здравје.
« Последно менување: 18 Април 2020, 14:08:55 pm Stratro »

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Opel Astra J - GTC
« Одговори #434 на: 09 Мај 2020, 15:38:00 pm »
Денес се погоди денот за дитеиљинг...

Шалтаблата и воланот поминати со К2 спреј.
Седиштата и воланот со Turtle Wax leather care.
Моторот со спреј и незаменлива Violeta влажни марамица. ;D

Eве и сликички...

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Следен ваков зафат здравје околу велигденски или првомајски празници.

Го направив истото од погоре, со истите средсва, а и сликите би биле исти.

Едино си докупив ефтина церада...






1000 денари од onlineshop macedonia, ми ја донесоа до дома откако им пратив димензии за колата и за среќа дојде ко скроена до сантиметар.

Секако потенка  е, али ако издржи до септември со оглед на тоа дека колата во работни денови е во гаража, ќе биде супер.