Пресметката за царина е релативно стрејт форвард:
проценета вредност на колата
+ 300е транспорт (без разлика како ќе си ја донесеш)
+ 5% царина (опционо 1% ако имаш Еур1)
+ 1-1,5% акциза (зависно од проценетата вредност на колата)
+ Еколошка такса (беше некои 4-5.000 денари-
+ Хомологација (3000-5000, зависно дали имаш COC или ќе треба да бараат Тиф)
+18% ддв
Така за „твојата“ кола од 4.000 (во случај толку да ти ја проценат, што чисто се сомневам) давачките би биле:
4000
300
215
67,5
80
80
853
----------------
~5595
-4000
----------
~1600e давачки. Ова ти е „отприлике“ математика, точната ќе ја знаеш коа ќе ти стигнат уплатниците за давачки од царинска управа
