Имав електричен ударен на струја од Parkside, тој беше фин, 500Nm на одвијање, 100Nm на завијање - баш пишуваше да не се деси оверторк.
Сега Ingco батерискиот, на одвијање 850Nm, на завијање три сетирања на сила, нема специфицирано колку е најмалото и средното, пробав еднаш да проценам/измерам со момент клуч, ама моја финална процена е дека „не треба да му се веруе“, веројатно не е вредноста што ти треба за затегање. Затоа, со ударниот само да „прилепи“ штрафот на тркало - после тоа момент клуч.
Ако се деси да мора вулканизер или мајстор да „игра“ околу тркалата, и не се потруди како што треба - прва прилика дома олабавување, па стегање со момент клуч. Неколку пати јако го кркав со престегнати штрафови, дури имам и еден сет „истегнати“ штрафови што не ми го држат тркалото кога ќе ги торкнам на соодветната килажа. Си ги заменив сите 20 со нови, пошто ми се случуваше во вожња да ми се олабават.
Инаку конец за заби не користам.