Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
Викендов на Крит го возев новиот Cayenne.Останувам на ставот дека не сакам SUV, но ова е првиот SUV кој можеби јас би го возел.Во кратки црти да објаснам - SUV за да може да биде теренец, обично е толку мек и љуљав па е неупотреблив на нормални патишта со нормални кривини, или пак за да биде управлив и спортски (за да го оправда оноа Sport во Sport Utility Vehicle) е камен тврд и генерално некомотен за возење. Case in point - BMW X6.Е сега.. Секоја чест на инженерите на Porsche - успеале да го надминат ова, и да понудат best of both worlds. Тајната е во 48-волтниот електричен систем, што му овозможува на новиот Cayenne да има супер-хајт-тек систем за активни анти-рол-барови (имаме превод за ова на македонски?). Системот може да испорача до 1200 Nm кон секое тркало со цел да го оневозможи навалувањето во кривини. И колана стварно не се навалува во кривини.Понатаму - системот за воздушна суспензија сега има три (малку помали) комори наместо две (поголеми). Ова значи дека им треба помалку време да се напумпаат/испумпаат, па со тоа многу побрзо реагира суспензијата на промени на подлогата. Кога е во Comfort, внатре е стварно комотно (дури и на 20-инчни тркала на „мојот“ Cayenne S). Одлично изолира нерамнини. Кога е во Sport/Sport+, целата кола е забележително поблиску до подлогата, поцврста и подинамична. Дополнително, системот дозволува доволно артикулација на тркалата и за посериозен off-road, дури и на спортски гуми.Третиот дел е Rear Axle Steering системот. Истиот оној од Panamera и некои верзии на 911. Сите знаеме како функционира - но ефектот тука е стварно очигледен. Радиусот на вртење е значително намален, а тоа влијае и на handling-от. Всушност, чудовиштево (кога ќе го запне човек) не е како да се вози SUV од два тона - туку како да се вози хот хеч. Многу добро стокмен, многу добро подесен AWD хот хеч со rear bias. Overall, импресивно. Сè уште не би го купил, секако, но мора да го почитувам. Браво.--Од друга страна, интересни работи на кои обрнуваат внимание - ако колата е со сончев кров кој се отвора, активниот заден спојлер (прв пат во SUV го вградува некој) дополнително се исправува за да ги елиминира вортексите кои ги ствара механизмот од отворениот кров. Also, спојлерот може да функционира и како air brake, и според мерењата на Porsche го намалува растојанието на кочење од ~200 км на саат за 2 метри. Можеби е незначително, а можеби и многу значително.
Цитат: zeroSignal на 10 Ноември 2017, 10:22:51 amВикендов на Крит го возев новиот Cayenne.Останувам на ставот дека не сакам SUV, но ова е првиот SUV кој можеби јас би го возел.Во кратки црти да објаснам - SUV за да може да биде теренец, обично е толку мек и љуљав па е неупотреблив на нормални патишта со нормални кривини, или пак за да биде управлив и спортски (за да го оправда оноа Sport во Sport Utility Vehicle) е камен тврд и генерално некомотен за возење. Case in point - BMW X6.Е сега.. Секоја чест на инженерите на Porsche - успеале да го надминат ова, и да понудат best of both worlds. Тајната е во 48-волтниот електричен систем, што му овозможува на новиот Cayenne да има супер-хајт-тек систем за активни анти-рол-барови (имаме превод за ова на македонски?). Системот може да испорача до 1200 Nm кон секое тркало со цел да го оневозможи навалувањето во кривини. И колана стварно не се навалува во кривини.Понатаму - системот за воздушна суспензија сега има три (малку помали) комори наместо две (поголеми). Ова значи дека им треба помалку време да се напумпаат/испумпаат, па со тоа многу побрзо реагира суспензијата на промени на подлогата. Кога е во Comfort, внатре е стварно комотно (дури и на 20-инчни тркала на „мојот“ Cayenne S). Одлично изолира нерамнини. Кога е во Sport/Sport+, целата кола е забележително поблиску до подлогата, поцврста и подинамична. Дополнително, системот дозволува доволно артикулација на тркалата и за посериозен off-road, дури и на спортски гуми.Третиот дел е Rear Axle Steering системот. Истиот оној од Panamera и некои верзии на 911. Сите знаеме како функционира - но ефектот тука е стварно очигледен. Радиусот на вртење е значително намален, а тоа влијае и на handling-от. Всушност, чудовиштево (кога ќе го запне човек) не е како да се вози SUV од два тона - туку како да се вози хот хеч. Многу добро стокмен, многу добро подесен AWD хот хеч со rear bias. Overall, импресивно. Сè уште не би го купил, секако, но мора да го почитувам. Браво.--Од друга страна, интересни работи на кои обрнуваат внимание - ако колата е со сончев кров кој се отвора, активниот заден спојлер (прв пат во SUV го вградува некој) дополнително се исправува за да ги елиминира вортексите кои ги ствара механизмот од отворениот кров. Also, спојлерот може да функционира и како air brake, и според мерењата на Porsche го намалува растојанието на кочење од ~200 км на саат за 2 метри. Можеби е незначително, а можеби и многу значително.Торзиони стабилизатори
Цитат: stef_stef на 10 Ноември 2017, 12:16:52 pmТорзиони стабилизаториГрациас, ќе додадам и во објавата!
Торзиони стабилизатори