Сега е на акција Фокусов 1.5 тдци за 14000.
Јас го имав отпишано дека постои кога беше на тест со 1.6 моторот затоа што ми беше безвезе за возење со тој мотор ептен. Премногу сличен со 1.4 TDCI кој го имам во Фиестата.
После бајаги фалења на 1.5тдци 95кс седнав да го возам. Леле разлика! Моторот си влече на ниски феноменално, за разлика од 1.6хди. Моторот си влече на високи одлично, за разлика од 1.6хди. Си има 6 брзини убаво распоредени. Куплунгот лесен во 30 минути гужва тргни застани воопшто ни нога да те боли ни раце да те болат. На автопат спие со ова моторче во 6та си влече. Колава се препородила максимално.
Нажалост сеуште не сум го пробла 120кс 1.5тдци во Фокус кој би требало да е и подобар. Во Мондеото е малку утепан заради тежината на колатаи плус самото Мондео е крузерска кола и и стои појак мотор.
Искрено јас се фасцинирав од моторот, и баш ми е жал што волку касно го извозев. Фокусов е фантастичен и премногу ми се допаѓа во вакво издание со 1.5тдци. Плус згоран на тоа и е на акција.
Останува негативност само малиот багажник кај хеџбекот. И тоа што нема 5 врати седанот. Ама па затоа караванот е меѓу најубавите во класата.