Здраво Дечки,
Фала ви на мислењата, сите тие што ги предложивте скоро сите ги гледав и во живо.
Дефинитивно одлучен сум да одам со Seat Ateca 2.0 150кс TDI 4Drive Excellence моделот околу 28к(не е уште нарачана ама можно е утре да е порачам со 20% капар, а во Фебруари испорака од прилика).
Ги гледав и другите ама некако не ми прават мерак, Атеката беше супер внатре и надвор, удобен и со класичен дизајн, а дефинитивно има и најмногу опрема. Направив и тест возење, немам никакви замерки, многу стегнато Сувче. Се што е над 30 000 за мене е претеризам, немам потреба од такво нешто, па ако сака и авион нека е.
Целта е колата да е чувам 7-10 години здравје, со гаражирање и редовно одржување. За разлика од некој поединци јас немам време ни трпеливост да менувам коли и не сакам воопшто да се замарам со сервиси поготово првите неколку години освен основни потреби, се разбира. Поради тоа купувам нова кола и го одбрав моделот со целосна опрема да не бидам пишман после зошто немало ова, она.
Единствено нешто што ме мачеше до брзо е што FR моделот не се пали на копче туку клуч, а Excellence моделот се пали на копче. Незнам колку е подобро или полошо тоа.
Во моментов не сум кој знае колку на пат, околу 10 000 годишно врвам во иднина може и до 15 000 ама возам и надвор од земјава, претежно балканскиве земји.