Автор Тема: Hyundai Ioniq  (Прочитано 18536 пати)

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8952
Одг: Hyundai Ioniq
« Одговори #75 на: 19 Декември 2017, 09:10:22 am »
малце претеруваш ама ок.

Никаква практичност дека нема закачалки?

Никаков простор за кој?


Присутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6737
  • Бенве сие бенве
Одг: Hyundai Ioniq
« Одговори #76 на: 19 Декември 2017, 09:14:35 am »
И јас би земал хибрид, јес да не е ТДИ ама додека дојде време да мењам кола (околу 5год) ќе измислат половен пасат ТДИ хибрид

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Hyundai Ioniq
« Одговори #77 на: 19 Декември 2017, 09:15:28 am »
Јас па сметам дека ти претеруваш зошто е Хјундаи па си ќутам.

Во претходното ауто немав закачалки во сегашното имам. Јас многу убаво си ја знам придобивката од закачалки. Отиди купи работи со 3-4 кеси и мирна глава во кривини ниту нешто да скршиш или да лета во ѓепек лево десно цело време. Единствена солуција е ставање ќеси позади на клупа. А што правиме ако имаш патници позади?!

Никаков простор за луѓе над 1.65 веројатно. Гледаш на видеото колку малку простор има за главата ептен е како купе направено.

Ова се мои мислења и не се факти.

Како што реков претходно, во секој случај подобро аурис хибрид караванче него ова или приус со набилдани цени.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Hyundai Ioniq
« Одговори #78 на: 19 Декември 2017, 09:16:58 am »
Нормално, секој со своето мислење. Подобро грд приус од надвор отколку никаква практичност во ѓепек и никаков простор позади за луѓе.
Јас седнав во колава и искрено далеку од тоа да позади нечини. Супер си е. Исто како во Пасат ЦЦ што имаш простор за глава. А негативност од моја гледа точка е што кај нас доаѓа со фул резервно тркало - што е тешка глупост затоа што багажникот се крати за солидна половина од што е со мало тркало. Подот се крева за 15цм и уствари нема простор багажникот. А тука на видеава по нет секаде е со мало тркало и си има нормален гепек како што треба. Дури и поголем од просекот во голф класата. Стварно, стварно одлична кола која со субвенција во западни земји каде се демонизира дизел сигурно би ја купил.

Сепак треба да се извози за да се види како е ситуацијата, ама како идеја стварно одлично им е смислена колава. Ете видиш немала практичност во гепек. Не ми текнало на тоа, јас гледам само да е што поголем гепекот и лесно да се реди нагоре над гепекот. Убаво би било и куки да има, ама тоа можам да си наштрафам ако е нож до коска, ама гепек неможам да си зголемам лесно.

Уште да се покаже како на спритмонитор и хонестџон и еуротестови дека е стварно најекономичен и ќе е топ. Со оглед на тоа што сите ривјуа досега го пофалија многу аутцево.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Hyundai Ioniq
« Одговори #79 на: 19 Декември 2017, 09:23:20 am »
Ммммм тоа со подот кревање и спуштање горе доле е проблем кај многу автомобили, но реално потребата да имаш спуштен под доаѓа само кога идеш на одмор и треба да максимизираш простор. Во нормални услови, спуштен под е малце проблематично поради тоа што треба малце повеќе со рацете да вежбаш нагоре надоле кога ставаш/вадиш ствари. Не е крај на светот, само кажувам дека не е практично. Рамен под е добра работа во 95% од случаевите.

Кај голфот со резервно тркало има можност подот да се спуште без да се вади тркалото но треба да се извадат други прегради и одзема време за да го правиш тоа често. Јебига.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8952
Одг: Hyundai Ioniq
« Одговори #80 на: 19 Декември 2017, 09:25:35 am »
@vlatko.klp ако имам хјундаи и пишам дека е ок да нема закачалки незнам зошто одма мора да се помисли дека го бранам брендот. Воопшто не е така

Ама да викам дека нема закачалки и не е праткична, и тоа дека 2017 сме а нема закачалки. Пострашно е рачки за прозори отворање во 2017 што уште се ставаат а не што нема закачалки.

незнам која е подобра или полоша од хибридиве ама сепак ако зборувам за изглед и возење пре би одел со Ioniq отколку било која од Тојотите кои ги наведе. Едноставно си изгледа одлично целосно како пакет колата. Ако направат караван некогаш може и поголем багажник од Аурис караван ќе има

Присутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6737
  • Бенве сие бенве
Одг: Hyundai Ioniq
« Одговори #81 на: 19 Декември 2017, 09:26:09 am »
Некогаш многу се драми околу багажниот простор, јас никогаш не сум имал потреба да по наполнам цел, ниту кај полото (ко на дени) ни кај БМВ то со додадено мало резервно тркало од мене. На одмор не одам со цел стан чушки патлиџани кисела зелка и др. Кеш у џеб расположење 2-3 маички и шорц за на плажа. Млади луѓе за багажник сте запнале

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5039
  • The Spartan General
Одг: Hyundai Ioniq
« Одговори #82 на: 19 Декември 2017, 09:29:04 am »
Некогаш многу се драми околу багажниот простор, јас никогаш не сум имал потреба да по наполнам цел, ниту кај полото (ко на дени) ни кај БМВ то со додадено мало резервно тркало од мене. На одмор не одам со цел стан чушки патлиџани кисела зелка и др. Кеш у џеб расположење 2-3 маички и шорц за на плажа. Млади луѓе за багажник сте запнале

И јас сум таков. Само резерва гаќи, резерва маици, една крпа и влечки. Доста е. Еднаш патував од тука до МК само со ранец и празна кола.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Одг: Hyundai Ioniq
« Одговори #83 на: 19 Декември 2017, 09:31:43 am »
"- гледам да земам Discovery
 - Discovery ?! Зошто ?
 - трудна е жена ми " ;D

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Hyundai Ioniq
« Одговори #84 на: 19 Декември 2017, 10:31:54 am »
^ Во суштина, огромен процент од муабетите се баш тие.

Ни мене не ми е пресуден багажник, иако јас сум еден од оние што сака кога патува све да е во багажник, ништо да нема по седишта, итн. Е сега, ако мора, мора.

Ионикот мене ми изгледа како многу добро возило. Сосема добро изгледа, и ич не изгледа како „хибрид“ - туку како нормална кола, што (според мене барем) е огромна предност. Особено ако се избере во некоја не-бела боја. Сивата изгледа убаво, плавата изгледа убаво...


Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Hyundai Ioniq
« Одговори #85 на: 20 Декември 2017, 10:48:54 am »
Некогаш многу се драми околу багажниот простор, јас никогаш не сум имал потреба да по наполнам цел, ниту кај полото (ко на дени) ни кај БМВ то со додадено мало резервно тркало од мене. На одмор не одам со цел стан чушки патлиџани кисела зелка и др. Кеш у џеб расположење 2-3 маички и шорц за на плажа. Млади луѓе за багажник сте запнале

И јас сум таков. Само резерва гаќи, резерва маици, една крпа и влечки. Доста е. Еднаш патував од тука до МК само со ранец и празна кола.

Многу нормално.
Малку се прави проблем кога ќе дојди бебе во кругот. Можи да се направи лош избор на количка и да зафаќа многу место. Треба да се внимава при избор.