Доста густ е, а млазот ќе ти биде таков како што ќе ја сецнеш тубата (во обична туба како санитарен силикон се продава мислам, околу 400 денари е).
Јас мислам дека ќе постигнеш тоа што сакаш бидејќи кога ќе се исуши е многу блиску до цврста пластика, ама сепак има малку еластичност. Ако си видел полиуретански чаури за подвозје, тоа е тоа.
Пробај, наполни рамно со металот од двете страни и остави го да се исуши во топла просторија (за побрзо).