Автор Тема: Гумирање, исполнување со гума во Битола ?  (Прочитано 2004 пати)

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Битолчани кој работи ваква работа кај нас ? Сакам еден држач да го однесам да го исполнат со гума

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Гумирање, исполнување со гума во Битола ?
« Одговори #1 на: 16 Јануари 2017, 13:10:19 pm »
Ако ти е изваден од кола, купи си течен полиуретан (или народски познат како силикон/лепак за шофершајбни), црн по боја. Фиксирај го држачот како што треба да стои, наполни ги празнините со полиуретанот и остави го да се исуши.

Исти ефект ќе има како полнењето.

П.С. Еве више 10 минути ја барам темата на nsx-r (smichka) кај што он сам ги наполни држачите на Хондата со полиуретан ама не можам да ја најдам.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Гумирање, исполнување со гума во Битола ?
« Одговори #2 на: 16 Јануари 2017, 13:12:16 pm »
Најди ја првен Хондата на Смичка па после темата.

:D ;D

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Гумирање, исполнување со гума во Битола ?
« Одговори #3 на: 16 Јануари 2017, 13:33:27 pm »
Вака, се работи за еден држач од менувач, кој го сменав со нов, ист како стариот, ама не добив никакво подобрување во мрдањето на рачката од менувачот... е сега наводно такви биле држачите фабрички "шупливи" па затоа нема подобрување. Да, постојат и држачи кои се исполнети цели околу со гума, ги најдов на ebay ама кај нас неможам да најдам, а и неможам да купам уште еден држач 2000 денари во рок од 2 месеци. Еве слики од тоа што сакам сега да го направам т.е исполнам на стариот држач







Ептен се ситни дупките кои треба да се исполнат и незнам дали ги можел сам дома да ги пополнам, колку е густ тој силикон ? За овде треба да е по течен и тенок млаз да пушта.


Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Гумирање, исполнување со гума во Битола ?
« Одговори #4 на: 16 Јануари 2017, 13:49:59 pm »
Доста густ е, а млазот ќе ти биде таков како што ќе ја сецнеш тубата (во обична туба како санитарен силикон се продава мислам, околу 400 денари е).

Јас мислам дека ќе постигнеш тоа што сакаш бидејќи кога ќе се исуши е многу блиску до цврста пластика, ама сепак има малку еластичност. Ако си видел полиуретански чаури за подвозје, тоа е тоа.

Пробај, наполни рамно со металот од двете страни и остави го да се исуши во топла просторија (за побрзо).

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Гумирање, исполнување со гума во Битола ?
« Одговори #5 на: 16 Јануари 2017, 14:36:14 pm »
Мислам дека полиуретанот ќе ти заврши овде работа.

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: Гумирање, исполнување со гума во Битола ?
« Одговори #6 на: 16 Јануари 2017, 14:45:40 pm »
Зирни ги дечките одкај 3:35.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Гумирање, исполнување со гума во Битола ?
« Одговори #7 на: 16 Јануари 2017, 14:48:57 pm »
Требаше и кај скинатото да испуни, а не половично.

Отсутен VLATKO Џентлменот

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6216
Одг: Гумирање, исполнување со гума во Битола ?
« Одговори #8 на: 16 Јануари 2017, 14:56:09 pm »
Пуни слободно со ПУ лепак,ќе работиш у малце потопла атносвера,предходно убаво исчисти го делот и како шо ти кажа мартин цевчето ќе го сецнеш минимално за да моеш да пуниш.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Гумирање, исполнување со гума во Битола ?
« Одговори #9 на: 06 Ноември 2017, 23:46:06 pm »
Да ја обновам темата, денес конечно го средив држачот, најдов човек кој работи со гумирање во Битола т.е во Крклино и му го однесов држачот во Саботата, за да денес биди готов.... вака на око изгледа солидно и супер сработено и круто, спрема тоа како  играше пиксната пред да го носам, сега одкако го исполна не мрда т.е мрда ама многу тешко, како ќе биди на кола и дали сега ќе пренесва вибрации повеќе од порано поради крутоста сеуште незнам, да го монтирам па ке пренесам импресии. Еве засега некоја слика

Пред (фабрички)





Потоа









Гумирањето ме кошташе 700 денари.